Штедлива македонска министерка, но со добар стил – во ова издание БЛЕСКАШЕ, и таа го користи рецептот на Кејт Мидлтон!
За шармантната македонска министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска можеме слободно да кажеме дека е и министерка на добриот стил.
Таа очигледно многу добро знае што и стои најдобро и често избира смели и софистицирани модни креации во кои изгледа беспрекорно. Така беше и овој пат кога на еден настан се појави во долг бел фустан со интересни црни детали со кој министерката никого не остави рамнодушен.
Ова секако дека не е прв пат Бисера да ги изненади љубителите на модата со својот интересен вкус за мода.
Така беше и при посетата на Ватикан, кога покажа неколку „all-black“ изданија кои исто така беа полн погодок.
Интересно е и тоа што и тогаш носеше фустан со интересни детали, само во црна боја и со бели елементи.
Имено, фустанот беше зачинет со бели детали кои создаваа визуелен впечаток како да носи кошула под него, а министерката покажа и дека има способност и истиот да ги „рециклира“ повеќе пати.
Таа овој фустан кој очигледно го обожава го носеше повеќе пати на официјални настани, и секогаш изгледаше фасцинантно.
Живееме во време кога носењето иста облека во јавноста е ИН, а една од најпознатите жени што го популаризираа овој тренд на светско ниво е една од најпознатите Британки, војвотката од Кембриџ, Кејт Милтон. Начинот на живот значително се промени во последните неколку децении, па луѓето денес се многу посвесни дека и модната индустрија е голем загадувач на природата, па така и овој тренд со „рециклирање“ на облеката стана популарен во светски рамки и очигледно го следат многумина, а меѓу нив и нашата министерка.
И ако судиме според коментарите на нејзиниот профил на социјалните мрежи, Бисера никогаш не греши кога е модата во прашање.
Тоа можеме да го видиме и од нејзиното следно издание, во кое носи бели старки но на еден навистина оригинален начин.
Па, дали ви се допаѓа стилот на министерката?
Во продолжение погледнете уште неколку комбинации за кои нашите модни уредници се инспирираа од овие неколку софистицирани изданија на Бисера.
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест