Шпанската кралица ни одржа лекција како да носиме летен фустан во ноемвриско издание
Кралицата и во модели од претходната сезона изгледа шик
Шпанската кралица Летиција на настанот „Nuevo Futuro“, кој е од хуманитарен карактер за деца без родителски надзор и кој секоја година се одржува во Мадрид, се појави во издание со кое ги освои модните критичари.
Поранешната новинарка носеше едноставно, но крајно дамско издание со кое и овој пат никого не остави рамнодушен.
Во прашање е летен фустан кој кралицата одлично го вклопи во своето есенско издание и изгледаше неодоливо.
Светло розовиот кошула-фустан, кој како модел е вистински хит во последните неколку сезони, е со потписот на германскиот бренд „Hugo Boss“, кој важи за еден од омилените на кралицата, а благодарение на ременот, таа ја истакна својата витка половина и изгледаше како манекенка.
Таа целото издание го заокружи со типично есенски парчиња – кафеава кожна јакна и високи потпетици во слична нијанса.