Шон Миликен, ѕвездата на реалното шоу на ТЛЦ „Мојот дебел живот” почина на 29 години.
Миликен почина во неделата по компликации поради инфекција. „Во неделата имаше проблеми со дишењето, тие успеаја да го оживеат, но набргу потоа неговото срце откажа”, напиша неговиот татко Мет на Фејсбук.
Шон се појави во реалноста шоу во 2016 година. Тогаш имаше околу 410 килограми.
Со неговата мајка, Рене се пресели во Хјустон за да може да изврши операција за намалување на килограмите.
Шон успеа да изгуби 180 килограми, но во 2017 година неговата мајка почина и тој остана да се бори сам. Тој во шоуто почна да објаснува како имал тежок однос со татко кој постојано го казнувал. Па едниственета утеха му станала храната.
Од ТЛЦ, телевизиската мрежа на која Шон се појави и во епизодата „Каде се сега?” која се снимаше минатата година, изјавија дека се тажни за смртта на Шон.
Шон е трето лице од ова шоу кое почина во последните 6 месеци, пишува People.com. Џејмс Боннер изврши самоубиство на 30-годишна возраст во август минатата година, а Лиза Флеминг (50) почина истиот месец.