Неодамна во јавноста се појави документарната приказна за семјството Улас кои се вистинско чудо на природата! Сите членови на ова семејство се движат како животните на четири екстремитети , односно со помош и на рацете и на нозете, а не како нормалниот човечки свет само на нозе.
Неверојатната приказна за ова семјство што живее во руралниот дел на Турција го привлече вниманието насекаде низ светот.
За првпат за нив се дозна во 2006 година кога BBC објави документарна програма која по научен пат го испитува и доловува начинот на живеење на овие луѓе, кои потсетува на човеколики мајмун. Оваа новинарска приказна ги нарече „четириножно семејство“.
– Децата имаат скелети кои повеќе личат на мајмуни отколку на луѓе – се наведува во документарецот.
Научниците биле запрепастени кога го виделе ова, за нив е неверојатно како ова семејство се вклопува во човечката еволуција.
Од 18 деца во фамилијата, вкупно шест биле родени со ваква состојба која што досега е невидена во човечкиот модерен свет, за жал еден од нив починал, вели професор Николас Хамфри, психолог од Лондон.
Тој додава дека не очекувал ни во најнеобичната научна фантазија дека модерниот човек ќе се врати на оваа состојба.
Тоа што нас луѓето не одвојува од другиот жив свет е покрај можноста за говор и тоа што одиме на две нозе со главата исправена. Многу е важно за нас како суштества тоа што со еволуцијата се издвојуваме од останатите живи суштетства. Овие луѓе ја поминуваат таа граница, вели професорот.
BBC ова семсјтво го опишува како „алка која недостасува помеѓу човекот и мајмунот.“ Во документарниот филм се зборува дека ова е вид на „деволуција“(спротивно на еволуција) на човештвото.
На ова дел до начлниците, вклучувајќи го и Хамфри, се налутија, потенцирајќи дека не смее да се зборува така, бидејќи тоа е многу навредливо и истовремено неодговорно и непрофесионално.
Истражувачи од Универзитетот во Ливерпул откриле дека децата имале скелети кои повеќе личат на мајмуни отколку на луѓе и дека нивниот мозок бил многу мал, а ова не е одлика за луѓето кои одат на две нозе, прнесува Курир.рс.
Разликата помеѓу овие луѓе и мајмуните е во тоа што, мајмуните за да се исправат ги користат зглобовите, а овие луѓе ги употребуваат дланките.
По емитувањето на документарната програма, децата добиле физиотерапевт и помагала за да можат да понат да се движат на две нозе.
Погеледнете го видеото со нив во продолжение.