Шокантно тврдење на Бил Гејтс: Уште во 2016 година го предупредив Трамп за пандемија, знаевме што ќе се случи
Основачот на Мајкрософт и мултимилијардер Бил Гејтс рече дека се обидел да го предупреди тогаш новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на опасноста од голема пандемија веднаш по претседателската трка во 2016 година, но напомена дека се чувствува виновен што не го направил тоа погласно.
„Одбрав, кога се сретнав со некои луѓе од врвот, во Европа, САД, ширум светот, да разговарам за ризикот од пандемија“, рече Бил Гејтс во интервју објавено во Вол Стрит Журнал во понеделникот, објаснувајќи дека дури го изнел случајот на американскиот претседател во текот на состанок во декември 2016 година во Трамп Кулата.
– Се чувствувам ужасно. Смислата на разговорот беше дека би можеле да преземеме мерки и да ја намалиме штетата… Сакав да направам повеќе и да го свртам вниманието на јавноста кон опасноста, рече Гејтс.
Тој вели дека, иако многу светски лидери во принцип се согласуваат со неговите совет, малку кој преземал било каква акција за да се подготви, што го навел самиот да почне да бара потенцијални решенија.
„Кога и да прашав за респираторни вируси, на пример, колку е важно да се изолираат училиштата, колку далеку може да се пренесува вирусот, па дури и тоа … дали маските помагаат или пак не?“, на таквите прашања немало прецизни одговори, рече тој.
Низ Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, основана во 2000 година, технолошкиот претприемач и неговата сопруга акцентот го ставија на бројните здравствени кризи ширум светот, вклучувајќи финансирање на лекувањето на ебола и вирусот Зика, а сега и на ублажувањето на ефектите од Ковид-19.
Фондацијата издвои околу 250 милиони долари за борба против болестите – кои Гејтс ги нарекува „најдраматични работи во мојот живот“ со надеж дека конечно ќе се најде вак цина.
„Секој ден помислуваме – ќе ни снема стаклени шишенца!“, рече тој, опишувајќи ги секојдневните задачи кои ги извршуваат во потрага по лекот.
„Можеби мислите дека тоа е едноставен дел, но всушност никогаш никој не направил 7 милијарди ваксини“.
Некои критичари го обвинуваат милијардерот дека има преголемо влијание врз глобалната здравствена заедница, му префрлаат дека одлучува кои болести ќе имаат приоритет пред другите, објави Раша Тудеј.
Но Мајкрософт могулот инсистираше на ова: „Сѐ што правиме е да ги трошиме своите пари и да го делиме своето мислење“, додавајќи: „Не донесуваме одлука на крајот на денот ние, туку некој друг“.