Шок трансформација! Анастасија и Цеца ги променија фризурите – фотографиите се хит, во вакво издание ги немате видено
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ не е склона често да експериментира со нејзината коса.
Таа веќе со години е бринета и има долга убава коса која што најчесто ја носи со елегантни дамски фризури.
За разлика од сега, Ражнатовиќ на почетокот од кариерата почесто ги менуваше фризурите, па така на старите фотографии можеме да ја видиме со многу пократка коса која најчесто ја врзуваше во залижано опавче.
Но досега речиси никогаш ја немаме видео со долга руса коса, па затоа нејзините фанови беа изненадени од ова издание.
Имено, Цеца на својот Инстаграм сподели фотографија на која има долга руса коса.
Во прашање е фотомонтажа која беше објавена на една нејзина фан старана, а која пејачката ја сподели на својот профил. Нејзините фанови ја споиле Аријана Гранде и нивната омилена пејачка, а резултатот е неверојатен, така што и самата Цеца го објави на својот профил.
Фотографијата е од 2018 година кога Аријана позираше за насловната на магазинот Ел, во бела кошула и бели панталони, а косата и беше руса и долга.
Од коментарите можеме да заклучиме дека на Цеца одлично и стои руса коса, па комплиментите само се нижеа.
И Анастасија повеќе не е црна
И ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, не е склона кон експериментирање кога е изгледот во прашање, но очигледно дека долгата црна коса и здодеа.
И токму затоа и Анастасија ги изненади своите фанови, бидејќи многумина не го очекуваа ова од неа.
Имено, нејзините фризури секогаш се во чекор со трендовите, но никој не очекуваше дека ќе направи ваква промена
Таа ги изненади фановите со новото издание, особено што одлучи да ја промени бојата на косата.
Таа реши да внесе промена во нејзината долга и негувана црна коса која досега и беше заштитен знак и стана бринета.
Откако се пофали со новата фризура веднаш почнаа да пристигнуваат позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Долгата коса повторно е тренд број еден во светот, така што пејачката не погреши со изборот.
Посветлите тонови го отвораат нејзиното убаво лице и преставуваат идеален избор за летото што претстои.
„Нова боја по четири години“, напиша ќерката на Цеца покрај видеото во кое позира без грам шминка, но со свежи бранови во косата.
„Баш убаво ти стои новата боја, изгледаш некако понежно“, „Ах, Анастасија, прекрасна си“, „Оваа боја подобро ти стои“, „Супер промена, таман за летото“, „Убава фризура, а ти си преубава и без шминка и со таа боја на коса“, „За ова по толку време треба храброст“, беа некои од коментарите.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ