Овогодинешниот победник на Евровизија, швајцарскиот претставник Немо Метлер од преголема возбуда, направи и инцидент за време на завршниот настап.
Ова е победничкиот настап на Евровизија – БРАВО ЗА ХРВАТСКА која го освои второто место (видео)
Откако му го врачија трофејот тој требаше уште еднаш да ја испее песната на крајот од музичкото шоу. Видлива беше преголемата возбуда кај пејачот за време на овој настап, па Немо успеа да го скрши победничкиот трофеј, но и да го повреди палецот. Сепак, како што истакна, се е во ред, тоа не му го намалува моменталното расположение.
– Целото ова искуство беше многу интензивно и не секогаш толку пријатно, многу работи се поврзани со љубовта и единството, имаше толку многу различни култури и луѓе кои беа позитивни, посветени на музиката и ми даваа надеж… Не само скрши го кодот , веќе го скршив трофејот, како и палецот, но се е ок, имам и нов трофеј – низ смеа изјави Немо.
Маркетинг
Да потсетиме, на Евровизија тој ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот. Немо има 25 години и се декларира како небинарна личност, односно како ниту машко ниту женско, туку како „тие“.