Шок! Најпознатиот македонски пејач заврши во болница – ја пријави поранешната сопруга дека му дала кафе од кое му се слошило?
Победникот во „Икс фактот“ и „Твоето лице звучи познато“ повторно во проблеми заради поранешниот брачен живот.
Како што пренесуваат македонските медиуми, пејачот Даниел Кајмакоски вчера наводно бил примен во клиничкиот центар Мајка Тереза. Како што објави „А1Он“ на Кајмакоски му се слошило по средбата со Д.К. на која таа му дала кафе за кое тој се сомнева дека имало нap*oтици.
Жената била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но, според нејзината изјава, тие воопшто не пиеле кафе.
Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи.
Инаку, Кајмкоски од својата поранешна сопруга се разведе во 2019 година по три години брак.
Тие од овој брак добија син Давид.
Даниел веќе некое време живее и работи во Србија.
Тој деновиве се врати во Македонија, а пред само неколку дена објави фотографија од Охрид.
Кајмакоски по потекло е од Мислешово, место кое се наоѓа во близина на Струга.
Пред да се пресели во Србија, долго време живееше и работеше во Австрија од каде и се врати за да учествува во „Икс фактор“.
Тој во ова шоу го освои првото место во 2013 година и потоа целосно и се посвети на музиката.
Неговата поранешна сопруга, манекенката Кристина Димитријевска, во февруари оваа година го прослави 4 роденден на нивниот син, а пејачот тогаш не беше на неговиот роденден.
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска