Шок видео со Драгана Мирковиќ и првата и единствена фотографија досега на која е во костим за капење
И кога се бања е облечена од глава до пети?!
Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ замина на одмор во Дубаи од каде се огласи со неколку објави на социјалните мрежи.
Имено, таа на својот Инстаграм објави како ужива во базен во овој луксузен град, но во потполно необично издание.
Пејачката беше облечена во црно од глава до пети, најверојатно за да ги испочитува верските обичаи во оваа муслиманска земја.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Но тоа не ја спречи максимално да ужива во убавото време што може да се види и од објавата на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Инаку, Мирковиќ не е една од оние пејачки кои често објавуваат фотографии од летување во костими за капење.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Пејачката важи за едноставна и скромна жена, умерена во се’ што прави, а и публиката најмногу ја сака токму заради тоа.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
На социјалните мрежи често објавува фотографии од своите патувања низ светот, но не и оние кои откриваат „премногу“.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Па така досега само еднаш имавме прилика да ја видиме костим за капење и тоа од едно летување додека се дружеше со делфините.
Пејачката тогаш позираше во едноделен модел кој е совршено решение за жени во педесетти години, посебно оние во црна боја што вешто го прикриваат вишокот килограми.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Драгана, инаку, на сцена е од својата шеснаесетта година, кога во 1984. го објави својот прв албум кој беше продаден во 160.000 примероци.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
По овој албум пејачката има објавено уште 20 и досега има направено голем број турнеи низ целиот свет.