Реклама
Вирално

Шоkантно откритие на лекарите: Бебе во Франција уште пред да се роди заразено од корона

Реклама

Француските лекари го опишаа првиот потврден случај на новороденче заразено од ковид-19 уште во текот на бременоста.

 

Маркетинг

Машкото новороденче, родено во март имало оток на мозокот и неуролошки симптоми поврзани со ковид-19 кај возрасните лица, но во меѓувреме се опоравило, објавија во списанието Нејчр Комјуникејшнс.

Претходните истражувања укажуваа на можноста за пренос на вирусот од мајка на фетус, но студијата дава први докази, вели главниот автор на трудот Даниел Де Лука, лекар од болницата Антоин Беклер покрај Париз.

Маркетинг

„Покажавме дека пренесувањето низ постелката од мајката на фетусот е можно во текот на последните недели од бременоста“, рече тој.

Минатата недела италијанските научници објавија дека нивното истражување на 31 трудница хоспитализирана поради ковид-19 „силно сугерирало“ дека вирусот може да се пренесе на неродено дете.

Судијата објавена во медицинското списание ЈАМА во март извести дека за сличен број на трудници со ковид-19 дошле до истите заклучоци.

Но доказите не беа цврсти.

„Мора да ја анализирате крвта на мајката, плодовата вода, крвта на новороденчето, постелката“, вели Де Лука.

„Собирањето на овие три примероци во текот на пандемија не е толку едноставно. Поради тоа имаше само сомнение, но не беше докажано“.

Лекарите зачудени: Висока концентрација на вируси во постелката

Де Лука и неговиот тим собраа се од тоа во случајот со бремена жена на возраст од 20-тина години која е хоспитализирана на почетокот на март.

Поради тоа што се породила со царски рез лекарите можеле да ги соберат сите примероци без контаминација.

Највисока концентрација на САРС-КоВ-2 вирусот имало на постелката, откриваат научниците.

„Од таму поминале низ папочната врвца до бебето каде се размножиле“, вели Де Лука и додава дека тоа е „патот за пренос“.

Бебето развило тешки симптоми 24 часа по породувањето вклучувајќи и тешка вкочанетост на телото, оштетување на белата материја во мозокот и екстремна раздразливост.

Пред да се усогласат лекарите околу можната терапија, симптомите почнале да се повлекуваат и по три недели бебето целосно се опоравило.

Три месеци подоцна ниту мајката немала повеќе симптоми.

„Лоша вест е дека тоа се случи и може повторно да се случи“, вели Де Лука. „Добрата вест е дека тоа е ретко- многу ретков во однос на глобалната популација“.
Меѓу илјадниците бебиња кои ги родиле бремени жени заболени од ковид-19 дури еден или два отсто биле позитивни на вирусот, а дури и помалку имале потешки симптоми, вели Мариан Најт од Универзитетот Оксфорд која потсетува дека најважно е бремените жени да се држат до пропишаните мерки за ограничување на ширењето на вирусот.

Истражувањата продолжуваат и лекарите кои учествуваат во нив благовремено ќе ја известуваат јавноста, зошто пандемијата ги засега сите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button