Реклама
Наши ѕвезди

Шејла со солзи, Цеца го бакнува Мики – ОВА БЕШЕ НАЈЕМОТИВНИОТ МОМЕНТ во „Ѕвездите на Гранд“

Немколку детали што малкумина ги забележаа во финалето од најгледаното шоу во регионот

Реклама

Еве што се случуваше во шоуто кога го прогласија победникот

Покрај финалистите, меѓу најсреќните во финалната вечер беше и Цеца Ражнатовиќ, посебно кога беше соопштен победникот.

Нејзината искрена и емотивна реакција во моментот додека Саша Поповиќ ги соопштуваше резултатите од гласањето во „Ѕвездите на Гранд“ сега стана вирална. Пејачката едноставно не можеше да ја сокрие среќата што двајца нејзини кандидати, Шејла Зониќ и Мики Секуловски, го заземаа првото и второто место, па цело време ги гушкаше, бакнуваше и се радуваше заедно со нив.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Цеца во еден момент дури и вресна од среќа, а покрај неа стоеше кумата Вики Миљковиќ која се радуваше на нејзиниот успех.

Маркетинг

Инстаграм

Цеца се радуваше на триумфот на Шејла, но беше горда и со одличниот резултат што го постигна Мики Секуловски.

Инстаграм

„Мики е избрусен дијамант исто така, него го насочувам што е добро за публиката, за енергија“ изјави Цеца, па додаде:

Инстаграм

„Сфатив каде најмногу ќе даде сé од себе, и за тоа служат менторите“, изјави Цеца за „Гранд“ по победата додавајќи дека она што овие двајца го направиле вечерва како и сите останати 20 кандидати, дека тоа е само нивно дело и дека никој со тоа не може да се кити.

„Тоа е само нивно дело, дарба од Господ и ништо повеќе“, изјави Цеца за „Гранд“ не криејќи ја среќата од резултатот.

Инстаграм

Потсетуваме, оваа година ласкавата титула „Гранд“ ѕвезда ја освои Шејла Зониќ (30) од Босна и Херцеговина, која во текот на десет месеци од натпреварот ги бранеше боите на тимот на Цеца Ражнатовиќ.

На самиот крај Шејла се најде рамо до рамо со велешанецот Мики Секуловски (37) кој исто така беше од тимот на Цеца Ражнатовиќ, и скопјанката Андријана Петрушовска (24) од тимот на Александар Милиќ Мили, но според зборовите на креативниот директор Саша Поповиќ и врз основа на пристигнатите резултати Босанката од сите тројца освои најмногу гласови од публиката.

Инстаграм

Кога го слушна своето име, Шејла заплака од радост, додека менторката Цеца вресна од среќа и ја гушна победничката.

Инстаграм

Набргу на сцената се појавија и родителите на Шејла, а пејачката кога ги виде не можеше да ги сопре солзите.

Инстаграм

Како изгледаше најомотивниот момент во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, погледнете во продолжение…

Инстаграм

Инстаграм

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button