Шехерзад се враќа на малите екрани, но убавата актерка нема да ја ПРЕПОЗНАЕТЕ – погледнете го новиот имиџ на Бергузар

Го промени личниот опис

Бергузар Корел важи за една од најплатените и најубавите турски актерки, а се прослави со нејзината улога на Шехерзад.
Покрај серијата која беше хит и кај нас и во која што ја имаше оваа легендарна улога, убавата Бергузар остави подеднакво добар впечаток и во сериите „Езел“, „Ранета љубов“ и „Чесни луѓе“, а во медиумите често се наоѓа и заради нејзиниот брак со Халит Ергенч (46) кој е татко на нејзините две деца.
Таа на почетокот од својата кариера беше препознатлива по својата долга и бујна кафеава коса, заради што ја нарекуваа Турчинката со најубавата коса. И благодарение на неа, таа заработи богатство на реклами за шампони и препарати за коса. Но токму затоа и сите беа изненадени кога сопругата на Сулејман Величествениот во еден момент реши драстично да ја скрати – секако, во прашање беше нејзината нова улога.
Таа оттогаш носи крака фризура, а неодамна направи и една мала промена, а како изгледа погледнете на фотографиите во галеријата на крајот од овој текст.

Шехерзад по серијата „Ти си мојата татковина“ која беше објавена помеѓу 2016 и 2018, направи пауза од неколку години, а деновиве турските медиуми објавија дека актерката започнува нов проект.

Таа во новата серија „Kanlı Yayın“ ќе му даде живот на ликот Неслихан, а во серијата ќе глумат и Серкан Алтунорак и Јижит Озженер.
Бергузар, која не глумела во ТВ серија цели три години, во овој проект ќе ја дели главната улога со Серкан.
Погледнете како таа изгледа сега:
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
