Фотографиите ги воодушевија нивните фанови…
Познатите актери Бергузар Корел и Халит Ергенч важат за еден од омилените парови и тоа не само во Турција, туку и во сите останати земји во кои се гледаат турските серии.
Познати најмногу по улогите на Сулејман Величествениот и Шехерзад тие ја освоија публиката ширум регионот, а по серијата „1001 ноќ“, кога се роди и нивната љубов, публиката го следи секој нивен чекор и се интересира за секој детаљ од нивниот живот.

И покрај тоа што многу пати во турските медиуми сме можеле да прочитаме за несогласувања во нивниот брак, ова најчесто се само гласини, така што Бергузар и Халит денес можат да се пофалат со мирен и складен семеен живот. Покрај синовите Али и Хан, тие пред година и пол ја добија и ќерката Лејла, која од тогаш е центар на нивниот свет.

Впрочем за тоа зборуваат и фотографиите што деновиве се појавија и од кои можеме да видиме како уживаат кога се заедно.

Имено, познатиот пар моментално престојува во Англија, односно во Лондон, каде е нивниот втор дом.
Овој пат тие споделија неколку моменти од кои можеме да видиме како го користат убавото пролетно време и се шетаат низ градот.

Безгрижната мама Бергузар ги снимаше Халит и Лејла додека тие се возат со велосипедот и уживаат во прошетката.

Покрај возењето велосипед забележуваме и дека ќерката на Шехерзад ужива да се шета низ паркот, но и дека имаат трамбулина во нивниот двор во кој наследничката се одмараше со својот татко.

Инаку, познатиот пар веќе неколку години живее во Лондон каде нивниот најстар син оди на училиште.

Како што самите откриваат, Али е талентиран за музика и тие решиле да направат се за да му ги остварат соништата.

Познатиот пар во Лондон поседува луксузен имот кој Бергузар целосно го уреди со многу љубов и внимание.

Како што самата истакна во една пригода, таа во хороскоп е Девица и затоа сака секоја просторија во која што престојува да е исполнета со топлина. Од овие причини и нивниот дом во англиската метропола зрачи со топлина, и речиси целосно е исполнет со жолти и зелени тонови.

На секој чекор се наоѓаат свеќи и разно-разни украси, а големите прозори го осветлуваат целиот простор.

Со посебно внимание се уредени и собите на нивните деца, а како изгледа нивниот рај, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел