Шехерзад и Онур чекаат второ дете – познатата турска актерка блеска во својата бременост
Познатата актерка изгледа поубаво од кога било досега
Познатата турска актерка Бергузар Корел која се прослави со улогата на Шехерзад го промени имиџот и сега според многумина изгледа подобро од кога било досега. Таа во август се појави на еден настан и без зборови ги потврди гласините дека е во блажена состојба, бидејчи со рацете цело време се обидуваше да го сокрие стомакот, но безуспешно. Но за разлика од тогаш, таа сега гордо покажа како изгледа во бременоста и ги воодушеви сите.
Таа на една емисија се појави во елегантен фустан на едно раме и со преубава фризура, а во центарот на вниманието беше нејзиниот стомак.
Шехерзад ги пленеше сите со својата харизма и убавина, па следуваа голем број комплименти на сметка на нејзиниот прекрасен изглед.
Шехерзад и Онур, односно Халит Ергенч, веќе имаат еден син, Али, кој има осум години и кој наскоро треба да добие братче или сестричка. Убавата актерка неодамна во едно свое интервју за турските медиуми истакна дека би сакала да има уште едно дете, и тоа по можност девојче.