Реклама
Вирално

Швеѓаните најразочарани: Повеќе не и веруваат на владата за тоа како се справува со коронавирусот

Реклама

Опаѓа довербата на Швеќаните во способноста на владата и Агенцијата за јавно здравје да реагираат на пандемијата на коронавирусот, покрај порастот на загриженоста поради високата стапка на смртност во земјата, покажуваат најновите податоци од истражувањето на јавното мислење.

Фото: Profimedia

Граѓаните првобитно во голема мера ја поддржаа одлуката на Шведска да не воведува карантин, како што направија многу европски земји, но претходните недели дојде до пораст на критиките поради високата стапка на смртност од ковид-19 во Шведска во однос на другите нордиски земји, посебно меѓу постарите, пренесува Ројтерс.

Според истражувањето на Новус, кое е направено за телевизијата СВТ, процентот на оние со висока или разумно висока доверба во способноста на владата да се справи со пандемијата опадна на 45 отсто во јуни, додека во април беше 63 отсто.

Маркетинг

Исто така се наведува дека опаднала довербата во Агенцијата за јавно здравје во Шведска, која ја предводеше кампањата за физичко дистанцирање и хигиенски мерки, од 73 проценти на 65 отсто, пренесува Ројтерс.

Во одвоено истражување на Демоскоп, објавено во Афтонбладет, бројот на лицата со висока или разумно висока доверба во постапките на власта во врска со пандемијата опадна на 55 отсто во однос на 65 отсто во април.

Маркетинг

Додека повеќето европски земји воведоа карантин на почетокот на пандемијата, Шведска главно се потпираше на поблаги, доброволни мерки за да го успори ширењето на вирусот и така да го ублажи влијанието на пандемијата на економијата.

Бројот на почиnати во Шведска, кој е над 4.500, е многу поголем отколку во Норвешка, Данка и Финска заедно.

Иако Шведска сакаше без карантин и блокади да предизвика колективен имунитет кај своите граѓани, времето покажа дека шведскиот модел не функционира и дека во земјата се забележни голем број на сmртни случаи во однос на бројот на жители.

Шведска има помалку заразени со коронавирус во однос на државите со побројно население, како Германија и Италија, но стапката на смртност во таа земја по глава на жител е меѓу највисоките во светот.

Шведската влада донесе одлука да не воведува блокада како што направија другите европски земји во борбата со коронавирусот, туку се потпираше на индивидуалната одговорност на луѓето, барајќи од нив да останат дома ако се болни и да отворен простор да бидат на соодветна оддалеченост.

Во Шведска најголем дел од компаните не престанаа со работа и покрај пандемијата од ковид-19.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button