Реклама
Вирално

Шведска повторно во фокусот на вниманието: Само тие го знаат рецептот за сузбивање на коронавирусот

Реклама

Еден од водечките дански епидемиолози Ким Снепен оцени дека епидемијата од коронавирус во Шведска можеби е запрена, иако имунитетот на населението и натаму е под 60 отсто.

– Постојат индиции дека Швеѓаните стекнале ниво на имунитет на болест, што заедно со останатите мерки е доволно заразата да биде сузбиена, рече тој за весникот Политикен Снепен, професор на Институтот Нилс Бор во Копенхаген.

Маркетинг

Шведска во изминатите две недели дневно регистираше 23 случаи на инфекции од коронавирус на милион луше, во споредба со 61 случај во Данска.

Снепен прична дека Шведска имала многу поголема cmртност од Данска, бидејќи во Шведска nочинале речиси, 5.900 луѓе, додека во Данска само 635.

Маркетинг
Фото: Profimedia

– Тоа е цената која ја платиле, но позитивна страна е што сега можеби завршиле се епидемијата, рече Снепен.

Шведска чиј пристап без карантин во настојувањето да се постигне имунитет на стадо го критикуваа медицинските експерти и политичарите, има нешто повеќе од 88.000 потврдени случаи на коронавирус, додека Данcка има речиси 29.000 потврдени случаи на зараза, но сега бележи зголемување на бројот на заболени.

Меѓутоа, други епидемиолози предупредуваат дека ризикот од зголемување на бројот на заразени во Шведска не може да биде исклучен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button