Швајцарците се бакнуваат три пати во образ, еве што им порачуваат властите за заштита од корона
Швајцарците би требало да размислат за ослободување од навиката секојдневно да се поздравуваат бакнувајќи се во образ, изјави денеска министерот за здравство на Швајцарија Алан Берсе.
Во Швајцарија и во соседната Франција вообичаено е жените и лицата од спротивниот пол да се поздрават со бакнување во образ, но Швајцарците за разлика од другите земји, се бакнуваат три пати.
„Знаеме дека дењето растојание во друштво е најдобар начин да се забави ширењето на вирусот. Затоа би требало да се размисли за тоа луѓето да се откажат од поздравување со бакнување“, рече Берсе.
Францускиот министер за здравство Оливие Веран вчера ги советуваше французите да не се ракуваат поради епидемијата од корона вирусот, но не рече ништо за бакнувањето при поздравувањетo.
Еден швајцарски функционер најави нови мерки, меѓу кои ќе биде и забрана за ракување.
Светската здравствена организација истакнува дека редовното миење на раце е една од најважните мерки во спречувањето на ширењето на заразата.
Швајцарија и Франција се граничат со северна Италија, каде изби најлошата епидемија од коронавирусот во Европа.