Реклама
Наши ѕвезди

Шармантниот Македонец што Цеца го обожаваше испадна од шоуто – ФОЛКЕРКАТА шокирана од колегите, ја напушти сцената

Реклама

Младиот пејач Дарко Ѓорѓески во најновата емисија од „Ѕвездите на Гранд“ се појави во последниот дуел.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Младиот пејач кој е од тимот на познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражатовиќ настапи во дуел со Лидија Матиќ од тимот на Снежана Ѓуришиќ.

Но тие и двајцата не го освоија жирито, така што со освоените гласови заминаа во бараж од каде Дарко не успеа да помине.

Маркетинг

Марија Шерифовиќ истакна дека Дарко бил подобар во претходниот круг, додека Лидија ја пофали за пеењето.

Поповиќ коментираше дека не му се допадна што за Дарко пишува дека е од Грац, а не од Македонија, бидејќи доколку стигне до финалето смета дека луѓето нема да гласаат за него. Цеца го бранеше својот кандидат и истакна дека тоа е грешка на продукцијата, бидејќи тој е горд што е Македонец, а нејзиниот колега Саша Поповиќ во шега, пред камерите Цеца ја нарече тетка, по што таа веднаш му врати:

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„За тебе сум бебе во пелени, дали си ти нормален? Бекута фала ти на гласот, на Босанец исто така, Вики и Ѓоле фала, Мили да даде господ да цркнеш, Марија да си го шинеш стапалото исто така“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Дете, ти подобро ќе ја пееш оваа прва песна следниот пат. Се шегувам секако, ги повлекувам сето она што го кажав за овие клетви, јас заминувам“ заврши Ражнатовиќ по што Сања Кужет го најави почетокот на баражот.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но Дарко за жал не помина во следниот круг, и покрај тоа што важеше за еден од омилените кандидати во шоуто.

Голем број фанови се разочарани од ваквата одлука на Гранд продукција, а Дарко сподели дел од нивните коментари.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Повеќето не можат да поверуваат дека тој повеќе нема да се натпреварува, па му изразија поддршка преку социјалните мрежи. Но имаше и такви кои ја критикуваа продукцијата, и тоа на сметка на Алина Јухард, така што Дарко реши да се огласи и да ја одбрани својата колешка.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, дел од јавноста го осуди тоа што Алина Јухарт помина, наместо Дарко кој беше подобар од неа, па тој јавно се огласи:

„Драги мои, сакам на сите да ви се заблагодарам на големата поддршка и бројот на убави коментари за време на натпреварот, но пред се сакам да напоменам една многу важна работа и на тој начин да одбранам една прекрасна личност. Сметам дека доживеа преголема осуда од луѓе што воопшто не ја познаваат. Мојата/ нашата другарка Алина доби огромен број хејт коментари на последниот настап, кога таа помина, а јас испаднав. На неа и ја препишуваат причината за моето испаѓање и се чувствувам многу лошо заради тоа. За сите оние што не знаат, Алина пред сé е прекрасна, позитивна, културна и искрена личност и не заслужува ваков вид на напад, и не само таа, туку било кој. Со самото пријавување во Гранд на себеси си дадовме задача да прифатиме и испаѓање и поминување. Оваа прилика ја користам да и пружам поддршка, како на неа така и на сите останати од тимот на Цеца. Go queen“, напиша Дарко на својот официјален профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Како изгледаше Дарко на овој свој настап, но и во приватниот живот, погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button