Шабан Шаулиќ меѓу фановите на народната музика беше вистинска икона. Починатиот пејач во својата педесетгодишна кариера сними стотици песни, а за неговите настапи секогаш се барало билет повеќе.
Тој направи огромни пари пеејќи на приватни забави и немаше проблем да настапува на свадби.
На една ромска свадба, Шабан доби подарок за кој се уште се зборува до ден – денес. Богато ромско семејство кое го ангажираше Шаулиќ одлучи да му даде круна, така што кралот на народна музика официјално беше крунисан. Српските новинари не беа во можност да дознаат колкава е вредност на круната која беше изработена од злато, дијаманти и рубини, но овој подарок Шабан длабоко го допре.
https://www.youtube.com/watch?v=VwabzLL1wvo
„Ви благодарам, инаку никогаш немам трема кога пеам, но сега имам”, рече пејачот. Домаќинот на свадбата, на пејачот му даваше на секоја песна по 100 евра.