Шабан го закопаа со песната што и ја посвети на сопругата – таа го бакна ковчегот пред да го спуштат во земјата (видео)
Шабан беше погребан вчера во 15 часот во Белград, во Алејата на заслужните граѓани, а на погребот присуствуваше семејството, пријателите, колегите и јавните личности, како и неколку илјади луѓе, пишува Блиц.
„Кралот на народна музика” беше погребан со звуците на песната „Не плачи, душо”, која е посветена на неговата сопруга Гордана. Песната на хармоника ја свиреше Александар Софронијевиќ.
Додека свиреше песната, неутешна Гордана го бакна ковчегот, а синот Михајло цело време ја држеше за рака.
Ќерката на Шабан, Санела, фрли бела ружа во гробот на нејзиниот татко.
По погребот, се обрати синот Михајло со следниве зборови: „Мојот татко денес не замина. Се додека постои неговата музика и додека ние се сеќаваме на неговата душа тој ќе живее со нас. Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа. Ви благодарам на сите и нека му е вечна слава”, рече тој, по што следуваше громогласен аплауз.
https://www.youtube.com/watch?v=mJP_e3S_k-E