Очигледно и фали добар стилист
Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ важи за личност која негува посебен стил на облекување и на секоја модна комбинација и дава свој пеат. Тоа можеби не им се допаѓа на модните стилисти кои постојано ја критикуваат, но таа не е загрижена премногу за овие коментари и го „фура“ својот фазон.
Па така таа еднаш на една емисија на телевизија буквално ги шокираше сите кога се појави во вакво издание.
Таа дојде на снимањето облечена во необични пердуви од фазан кои беа на сите страни. Ова видео беше тргнато од интернет, но некој деновиве повторно го објави.
Мирковиќ овој фустан го носеше само еднаш и никогаш повеќе, а бидејќи тогаш немаше социјални мрежи малкумина можеа да ја видат во вакво издание. Најверојатно од тие причини некој сега и го објави видеото кое веднаш стана вирално, а фановите останаа запрепастени од екстравагантната креација во која некогаш се шетала нивната омилена пејачка.
Погледнете го ова Лејди Гага издание на Мирковиќ:
Во продолжение погледнете и неколку шик модни изданија на познатата пејачка: