Шoк за сите, па и за неа – „исплива“ фотографија на која Марија Шерифовиќ е во прегратки со девојка, се шетаат низ Прага
Нова љубов на Шерифовиќ?
И покрај тоа што важи за една од најпознатите пејачки на овие простори, јавноста многу малце знае за приватниот живот на Марија Шерифовиќ. Од тие причини и многу често можеме да прочитаме гласини дека е во врска со некого, но таа никогаш досега не ги потврдила истите.
Познатата пејачка која во последно време ја гледаме и како дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“ ретко зборува во јавноста за својот приватен живот.
Таа прв пат откри дека има склоност кон претставничките на истиот пол во нејзиниот популарен документарец „Исповед“ кога истакна дека да се биде во девојка е совршено, со што тогаш „шокираше“ многумина.
„Сум била со девојка и чувството е прекрасно! Добро е што нема брада што гребе“ изјави тогаш пејачката, истакнувајќи дека во долгите емотивни врски била изневерена, а потоа продолжи да зборува за проблематичниот однос со својот татко.
Тоа беше нејзината вистинска исповед, а од тогаш многу често се шпекулира со кого е во врска.
Токму затоа и сега сите беа изненадени, бидејќи на фотографијата што ја објави изгледа како да е со својата партнерка.
Марија на фотографијата направена во Прага напиша „Ти тоа го можеш“, па многу портали објавија дека не е јасно дали пораката е упатена до девојката или до самата себе, што може гордо да се шета низ градот со личноста што ја сака. По ова се огласи и пејачката, која веднаш ги демантираше овие гласини, но и реагираше остро на ваквите објави во медиумите.
Таа потврди дека на фотографијата е нејзината кума, но и распали по оние што ги шират овие бесчувствителни и бескрупулозни гласини.
Инаку, Марија многу ретко зборува на оваа тема, а во едно интервју таа одговори на неколку љубовни прашања.
„Не! Мене тие работи не ме сакаат, па не ме сакаат Но ајде што не ме сакаат, туку и ја не ги сакам. Не сакам да се заљубам. Моментално вака ми е супер“, изјави таа пред само неколку месеци потврдувајќи дека е сама.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ