Шoк вести за љубителите на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ – Цеца Ражнатовиќ наместо Јелена Карлеуша, еве што се случува

Јелена Карлеуша повеќе нема да биде дел од Ѕвездите на Гранд, а на нејзино место ќе дојде Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Во врска со ова се огласи Александар Милиќ Мили кој за српскиот „Курир“ откри што мисли за оваа одлука:
Искрено, морам да кажам дека се радувам на тоа. Цеца е мој соработник преку 20 години, девет албуми заедно ги направивме. Мислам дека на таква ѕвезда местото и е во жирито, и мислам дека ние како Гранд дефинитивно ќе профитираме од тоа. Очекувам дека сега ќе биде големо шоу кога ќе дојде. Наша цел е кредибилитетот на нашето шоу постојано да расте. Јелена тоа го правеше на свој начин и допринесе многу за натпреварот. Таа не го прокоцка кредибилитетот на Гранд, беше совршен соработник и многу се трудеше околу тоа. Ова сега е еден поинаков пат. Јас со Цеца и Карлеуша сум во добри односи.“
„Помеѓу Јелена и продукцијата не дојде до никаков конфликт, ние како продукција сме благодарни на Јелена а се и кај нас секогаш е добредојдена“.

„Оваа промена е резултат на деловната политика“, изјави Мили за српскиот „Курир“ во врска со заминувањето на Карлеуша.

Новата сезона од популарното шоу треба да започне на 18 септември, а гледачите веќе се нестрпливи да ја видат Цеца во улога на жири.
„Сигурни сме дека сјајната музичка кариера на Цеца, искуството и знаењето што го има ќе биде ветер во грбот на новите учесници во овој натпреварувачки шоу програм. Нејзиното присуство во жирито ќе донесе една нова енергија во која ќе уживаат и гледачите и учесниците, а емисијата Ѕвездите на Гранд ќе биде погледана од кога и да било досега“.

Покрај оваа голема новост во составот на стручното жири, за гледачите подготвивме уште новитети бидејќи ќе се промени и добро познатата сценографија, а во новата сезона влегуваме и со визуелен идентитет што одговара на најгледаното шоу по сите светски стандарди.

„Продукциското жири се уште ќе биде во состав на Саша Поповиќ како преставувач, а тука се и Снежана Џуришиќ и Александар Милиќ Мили додека во столчињата за стручно жири и во оваа сезона ќе седи Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид“, изјавија од продукцијата на најгледаното шоу на Балканот.

„На досегашниот член на жирито Јелена Карлеуша и сме благодарни на долгогодишната соработка на овој проект и за се што направи за учесниците, а Гранд продукција останува куќа во која Јелена секогаш ќе биде добредојдена“, пишува во нивното официјално соопштение.
Фото: Принтскрин, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Принтскрин, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша (Ѕвездите на Гранд)