Чуда се возможни: Болна од коронавирус се породила додека била приклучена на респиратор
Мајка од Охајо која се породила додека била на респриратор го победи коронавирусот. Меган Сајтс (27) била во седмиот месец од бременоста со своето второ дете кога итно ја префрлиле во болница на 1. април зошто имала потешкотии со душењето.
Со тестирање е откриен коронавирус во нејзините бели дробови и ставена е на распиратор во будна состојба. Таа им рекла дека можела да почувствува како цевчето и влегува во душникот. Подоцна е префрлена во друга болница, во Дејтона, а бидејќи нејзината состојба кратко се подобрила лекарите го тргнале респираторот. Но тогаш дошло до нагло влошување.
– За 48 часа мојата состојба се влоши, рече Меган.
Таа не можела да го види ниту својот сопруг Дони, своите родители, роднини или пријатели поради рестрикциите во болница поради пандемијата од коронавирусот.
-Имав моменти на нервен слом. Си викав на себеси дека тоа е тоа, дека нема да успеам. Се ме болеше во моето тело, дишењето беше болно, движењето, кашлањето, било што – вели Меган.
Таа побарала од болничкиот персонал повторно да ја стават на респиратор, но овој пат успиена. Лекарите на 8.април му се јавиле на нејзиниот сопруг дека респираторот би можел да ѝ помогне на Меган да ја дотурка бременоста до 30 недела. Меѓутоа, 20 минути подоцна лекарите му соопштиле дека белите дробови на Меган и откажуваат. Лекарите рекле дека мора да ја породат следниот ден за да ја спасат.
Меган е ставена на вонтелесно одржување во живот, така наречена екстракорпорална мембранска оксигенизација (ЕЦМО), што, според зборовите на анестезиологозите е „речиси последно средство“ бидејќи е машина која привремено ги заменува нејзиното срце и белите дробови.
Од болницата рекоа дека никогаш не би ставиле бремена жена на таква машина, но Меган била добар кандидат.
Таа потоа заедно со машината со хеликоптер е префрлена во болница во Мајами Вели во Дејтона каде е направен царски рез, по 29 недели и шест дена од бременоста. Родено е машко бебе, кое е сместени на одделението за неонатална интензивна нега.
Кога Меган се разбудила, не се сеќавала на породувањето зошто била успиена.
– Имав многу халуцинации од тогаш … но на самиот третман со ЕЦМО не се сеќавам – рече таа.
Меган му се заблагодари на лекарскиот тим што ѝ го спаси животот, откако на нејзиниот сопруг му рекле дека шансите да преживее ѝ се помали од 40 отсто.
– Немам зборови. Нема начин на кој можам да им се заблагодарам како што заслужуваат – рече таа.
– Вистинско чудо е што воопшто седам тука и разговарам со вас, вели Меган во интервјуто за новинарите,
По 10 дена Меган конечно можела да го запозне својот новороден син Џејмсон, кој и натаму е во болница. Лекарите велат дека бебето е здраво, нема знаци на инфекција од коронавирус, и дека ќе го пуштат дома за 4-5 недели.