Човечкиот Кен сега стана Барби: Родриго имал над 200 операции на лицето и телото, па го посака и ова
Славниот човечки Кен, Родриго Алвеш, пред неколку месеци навести дека всушност цел живот се чувствувал као жена, и сега повторно го шокираше светот.
Имено, тој повеќе од 11 пати го оперираше носот, па сега едвај дише. Покрај операциите, тој одлучи да го смени и своето име, а сака и да се оствари како родител, пренесуваат странските медиуми.
„Се развив како личност и како човечко битие. Се родив како трансродна жена. Отсекогаш знаев дека сум жена, си играв со кукли и бев во контакт со својата женска страна. Потребно е да се сакате себеси. Сега би сакал да имам дете и да бидам со некој кој би ме прифатил онаков каков што сум“, рече тој и додаде:
“Треба да направам уште две три операции за да ја завршам својата трансформација. Подоцна, се колнам ќе престанам со пластичните операции“.
Тој сега после повеќе од 200 операции на телото и потрошени половина милион фунти, стана Барбика. Со својот нов изглед привлече внимание кога се појави во Лондон кај својот пријател.
„Божја волја е да бидам жена. Се чувствувам дека сакал да ме искористи како орудие за да ги научи другите за транс личностите“, раскажа тој за странските медиуми.
„Потрошив илјадници фунти за да имам вештачки стомачни мускули, бицепски… но во кожат на маж се чувствував како промашување. Не ми беше судено да бидам машко“, истакна таа која сега сака да ја викаат Џесика.