ЧИПКАНИ хеланки или далбоко ДЕКОЛТИРАН фустан – Фантастични новогодишни модни комбинации на водителката Елена
Нашата МОДНА ИНСПИРАЦИЈА за денеска е Елена - Живот со стил
Убавата русокоса водителка Елена Најдоски, на јавноста позната како Елена – Живот со стил, одново и одново го потврдува тоа дека емисијата „Живот со стил“ која е нејзин долгогодишен преокт е прав погодок за оваа жена.
Таа не само што има одличен стил, туку знае да ги носи сите актуеллни парчиња со таква грациозност и женственост, просто престставува вистинска инспирација за многу жени.
Елена е постојано во чекор со трендот, за неа може да кажеме дека е и чекор пред трендот, бидејќи не ретко умее прва да се појави во јавноста со некоја комбинација која потоа станува тотален хит кај нас.
Ѕирнавме на нејзиниот инстаграм профил и забележавме многу празнични комбинации кои воодушевуваат.
Нашата МОДНА ИНСПИРАЦИЈА за денеска е Елена.
Прекрасен светкав фустан во бордо боја, вистинска елеганција на една префинета дама. Русокосата овој модерен фустан со широк крој го надополнила со софистицирани чорапи и уникатни потпетици.
Нова Година без црвена боја не е Нова година!
Сјаен костим во црвена боја во комбинација со убави црвени потпетици со голема сребрена тока. Монохроматскиот изглед од крајот на 2023 година доминира и на светската модна сцена.
Еве уште едно монохроматско модно издание на водителката.
Чипката е провокативна и секси, но доколку знаете да ја искомбинирате на соодветен начин таа може да делува многу привлечно и елегантно. Еве како Елена го прави тоа со црни чипкани хеланки.
Бундите се секогаш одлична идеја за во зима. Жените ги сакаат затоа што во исто време топлат и делуваат раскошно. Водителката Елена можете често да ја видите во бунда.
Еве уште неколку новогодишни комбинации кои можеби ќе ве инспирираат како да се дотерате викендов за Стара нова година.