ЧЕСТИТКИ пристигнуваат ОД СИТЕ СТРАНИ: Македонската водителка соопшти прекрасна вест

Македонската водителка Јана Серафимова е ликот со кој ни започнува утрото, девојка која со својата насмевка и талент внесува ведрина во нашиот дом.

Во моментов е една од најубавите водителки на ТВ сцената, а нејзиниот талент за оваа професија е неоспорен.
Јана во моментов работи на проект на Сител телевизија односно е дел од екипата на емисијата „Магазин“.
Во емисија публикаа има можност да дознае повеќе за животот на познатите личности, се пренесуваат нтересни животни приказни од цела Македонија, анкети и игри со граѓаните на улица, незгодни прашања и забавни одговори поткрепени со пригодни награди, но и директни јавувања во студио.

Долго време ја гледавме на утринската програма на фрекфенцијата на Телевизија 24.
Јана е секогаш отмена и максимално професионална пред малите екрани, но исто така доста внимава на својот изглед.
Средена од глава до пети, на Јана изгледа одлично како и да се облече. Нејзината професија сепак од неа бара секојдневно вложување во изгледот.
– Во одржувањето на мојата линија немам никакви потешкотии. Засега во тоа успевам и без примена на редовна физичка активност. Се трудам да пијам што повеќе вода во текот на денот и да конзумирам свежа храна, овошје и зеленчук, откри Јана во едно свое интервју.

На луѓето кои работните обврски им започнуваат рано наутро логично е дека и денот им започнува доста рано. Како што откри водителката, таа станува во 05:30 часот, па затоа утринското кафе мора да го подготви и пие сама.
Потоа продолжува со работните обрски, но како што самата вели, таа ја обожава својта работа и среќна е со тоа што се занимава, па токму затоа сите овие обврски ги извршува со леснотија.

Она што малкумина знаат е тоа дека Јана долго време беше во врска со пејачот од Либеро бенд, Иван Јованов. Иван е сега во врска со младата пејачка Антониа Гиговска.
Се зборуваше дека Иван и Јана ја прекинале врската поради Антониа, но водителката никогаш не го потврди тоа во јавноста.
Се чини дека пејачот го привлекуваат само жени од јавната сцена, па затоа во едно интервју доби и прашање дали го привлекуваат само популарни жени?
– Сите девојки од минатото, не ми биле познати, како што е Антониа сега, како што сум нашол нешто што сум барал цел живот.
Антониа е посебна, пред тоа јас бев со минатата девојка уште пред да биде таа водителка.
Тоа не ми влијае толку да е позната жена, рече Иван.

Секој од нив продолжи по својот пат и секој од нив работи на својата кариера најдобро што знае.
Јана дефинитивно секојдневно ја освојува публиката.
А, дека продолжила понатаму и на приватен план, зборуваат и фотографиите на социјалните мрежи со нејзиното ново момче.
Јана е доста активна на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да сподели и романтични фотографии со нејзината нова љубов, Горан Петровски.

По сѐ изгледа водителката го пронашла својот спокој и мир, а насмевката на нејзиното лице е доволна за да се докаже нејзината среќа.
Овие денови тие двајца соопштија прекрасна вест.
Јана и Горан одлучиле да направат чекор напред.
Горан на својот Инстаграм профил сподели фотографија со која соопшти дека ја запросил водителката.
„Game over“ напиша момчето на водителката во опис на фотографијата на која непрестано се нижат честитки до парот и коментари со убави желби.















