Богдана беше највесела, а еве и зошто
Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко ражнатовиќ, го прослави својот 25 роденден.
По тој повод честитки им пристигнуваа од сите страни, а на Инстаграм се огласија и најмилите.
Една од нив е и Цеца Ражнатовиќ, која објави фотографија и на снаата и го честиташе роденденот.
„Те сакаме. Среќен роденден“, напиша Цеца.
Покрај свекрвата, на Инстаграм се огласи и Анастасија која на Богдана и посака среќен роденден:
„Среќен роденден најубава снао. Те сакаме“, напиша таа.
Роденденот и го честитаа и нејзините сестри Бојана и Наташа, како и многу други нејзини блиски личности кои исто така и посакаа се најубаво и искажаа љубов.
Да потсетиме, Богдана и Вељко се остварија во улога на родители на 3 јуни.
Неодамна Вељко Ражнатовиќ зборуваше отворено за семејните односи и истакна дека и неговата тетка Лидија Оцокољиќ му е подеднакво важна како и мајка му.
„Јас имам две мајки – мојата биолошка Светлана и Лидија. Тие знаат се за мене. Се случува понекогаш за нешто да не се сложуваме, па да се скараме, но живи луѓе сме, тоа е нормално. Се карам јас со сите, но тоа е нормално. Ние сме семејство, па имаме и различни размислувања.“
„Но тоа не се големи расправии заради кои потоа не разговараме, туку не се согласуваме само околу некои теми“, изјави тој во една пригода.
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин