Реклама
Наши ѕвезди

Цеца ја запали Бугарија, а Мики повторно со неа – ќе се изненадите, пејачката направи хаос во Софија

Цела Арена пееше со Цеца, ова во Бугарија досега не е видео

Реклама

Концерт за паметење

Најголемата балканска фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт за паметење во бугарската престолнина.

Најинтересно е што ова не е прв, туку деветти по ред нејзин концерт во Бугарија, а за влез во Армец Арената во Софија се бараше влезница повеќе. Но и покрај огромната сала, многу обожаватели не успеаја да влезат бидејќи сé беше распродадено, а Цеца дефинитивно стана рекоредер по број на соло концерти во Софија.

Маркетинг

Пејачката за оваа пригода избра блескав бел фустан со голи раменици и широки ракави со кој ги воодушеви сите.

Маркетинг
Принтскрин/ Инстаграм

Фустанот имаше и длабок шлиц кој ги истакна нејзините нозе, па Цеца во него блескаше од глава до пети.

Принтскрин/ Инстаграм

И како што може да се види од броjните објави на мрежите, цела сала ги пееше со неа нејзините најголеми хитови, што и не треба никого да изненади бидејќи Цеца е голема ѕвезда во оваа земја.

Принтскрин/ Инстаграм

Но она што многумина изненади, посебно од Македонија, е тоа што со Цеца и овој пат беше Мики Секуловски.

Принтскрин/ Инстаграм

Имено, Цеца по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, каде што му беше менторка, постојано го кани Мики на нејзините настапи.

Принтскрин/ Инстаграм

На нашиот пејач очигледно му тргна во животот по ова популарно шоу, бидејќи да се настапува со ваква ѕвезда навистина е предизвик.

Принтскрин/ Инстаграм

Но Мики очигледно тоа добро го прави и се вклопил во тимот на пејачката, за што сведочат сите овие негови гостувања на нејзините концерти во изминативе неколку месеци, од Триглав до Вардар, па и во Софија.

Секоја чест како за него, така и за Цеца за сето она што го прави…

Принтскрин/ Инстаграм

Принтскрин/ Инстаграм

Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button