Цеца се соблече и ужива во својот голем базен во луксузната вила – изгледа топ и на 50 години
Цеца дома има голем базен, спа, џакузи, фитнес центар...
Пејачката ужива во луксузот што ги има дома
Балканската фолк кралица Светлана Цеца Ражнатовиќ својот 50-т роденден го прослави во кругот на семејството.
Наместо гламурозна прослава, Цеца роденденот го славеше во интимна атмосфера во нејзиниот дом во Белград.
Таа реши да не прави голема прослава откако нејзината ќерка Анастасија го изгуби своето бебе во петтиот месец од бременоста.
Екипата на Блиц ТВ со која Цеца ја снима емисијата Цеца шоу покажа како пејачката се спремаше во домот за роденденот.
Пејачката отворено зборуваше кои се нејзините желби за јубиларниот роденден, но и ја покажа внатрешноста од нејзината раскошна вила.
Цеца го покажа и базенот што го реновираше пред две години. Таа тогаш реши да го прошири базенот и направи помал спа центар кој се наоѓа во приземјето на вилата, во кој сега максимално се опушта.
Таа покажа и како ужива во базенот облечена во едноделен црвен костим за капење и ги воодушеви сите со својот изглед.
Покрај базенот познатата фолк-пејачка во својата куќа има и сауна, големо џакузи и простор за масажа, а има и посебен простор за разубавување, наменет специјално за неа и нејзиното семејство.
Како изгледа овој раскош на Цеца, но и како таа ужива во него, погледнете од галеријата во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Блиц Тв
Фото: Принтскрин/ Блиц Тв
Фото: Принтскрин/ Блиц Тв
Фото: Принтскрин/ Блиц Тв