Цеца се појави во кошула со дeкoлте до пaпoкот – еве што и прави ШЕРИФОВИЌ под масата додека никој не ги гледа во шоуто

Познатата пејачка на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“ се појави во бело издание со кое никого не остави рамнодушен.

Најпознатата фолк-пејачка на Балканот, Цеца Ражнатовиќ, на снимањето на последната емисија од популарното музичко шоу се појави во елегантно, но истовремено и мошне провокативно модно издание.
Пејачката блескаше во бело од глава до пети, а нејзиното раскошно дeкoлте го украде вниманието.
Цеца носеше панталони ѕвонарки и кошула на преклоп која ја придржуваше широк ремен, така што дeкoлтeто беше до појасот.

Фолк дивата целото издание го зачини со големи очила за сонце и чевли со високи потпетици во крем нијанса, а во рацете носеше чанта со златни синџири кои совршено се вклопија со златната тока на каишот.

Пејачката носеше чанта од познатиот бренд Луј Витон кој важи за еден од омилените на многу познати дами.

Како таа изгледаше во оваа епизода од шоуто, погледнете во галеријата.

Цеца откри што и „прави“ Марија под маса
Пејачката откри дека под маса во студиото се случува сé и сешто. Имено, Цеца Ражнатовиќ и нејзината колешка Марија Шерифовиќ ги открија впечатоците по завршувањето на првиот круг од натпреварот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое Марија бара од Цеца да ги изнесе своите впечатоци по снимањето на емисијата.

„Светлана, ајде кажи им на луѓето какви впечатоци имаш од овој прв, снимен круг“, ја праша Марија.

Тогаш Цеца ја прегрна и со насмевка и одговори:
„Романтични, љубов моја, од тебе. Бидејќи ме малтретираш, хронично, викаш на мене, ме штипеш под масата“.

„Ем ме галиш, ем ме штипеш, се и сешто ми правиш, но јас не се бунам“, и одговори пејачката со насмевка на лицето.

Само да потсетиме, Цеца и Марија неодамна се „судрија“ во шоуто кога Шерифовиќ ја нарече „наследничка на столчето“.

„Јас не сум наследничка на столчето. Јас сум индивидуа за тебе, јас дојдов на ова место, не го наследив“, и одговори Цеца.
„Требаше да се промени член на жирито за да се случи ова“, додаде таа, револтирана од нејзиниот коментар.