Во домот на Цеце Ражнатовиќ и нејзиното семејство наскоро ќе се всели уште една личност, а тоа е нејзината идна снаа, Богдана Родиќ.
Во домот на Цеце Ражнатовиќ и нејзиното семејство наскоро ќе се всели уште една личност, а тоа е нејзината идна снаа, Богдана Родиќ која ова лето ќе се омажи за нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ.
Тоа дека снаата и свекрвата се снаоѓаат одлично на сите веќе им е познато, а тоа го покажа и Цеца со една нејзина објава.
Имено, познатата пејачка неодамна се пофали со десертот што нејзината снаа го направи специјално за неа.
Ова не е прв пат Цеца да ја фали невестата на својот син, а наводно во нејзиниот дом веќе на големо течат подготовките за свадбата, иако Цеца неодамна изјави дека веќе и е мака да зборува на оваа тема.
„Млад е тој се уште, само што наполни 22 години. Тоа се негови желби. Не можам веќе да зборувам за тие свадби, мака ми е! Не сакам да му бидам ПР на Ражнатовиќ“, изјави неодамна познатата фолк пејачка.
Инаку, српските медиуми деновиве објавија и дека ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ неодамна се преселила од заедничкиот дом и дека се вселила во луксузен стан во зграда во една од најелитните населби во Белград. Дали е тоа затоа што во нивната семејна куќа наскоро ќе се всели Богдана или заради други причини, наскоро ќе дознаеме.