Цеца се огласи по xаocoт со Босанац и неговата ќерка Џиџа – еве што пејачката му порача на својот колега од „Ѕвездите на Гранд“
Цеца не можеше да премолчи
Во минатата епизода од „Ѕвездите на Гранд“ дојде до судир меѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.
Нивниот конфликт во емисијата подигна голема прашина во медиумите, а се започна по еден коментар на Босанац.
Имено, тој во емисијата коментираше дека Марија Шерифовиќ е пејачиште, а Цеца популарна пејачка.
Овој коментар ја изнервира Цеца која не му остана должна туку му врати со тоа што го праша зошто од неговата ќерка не направи ѕвезда.
„Мојата ќерка немаше погоден спонзор и таа моментално завршува факултет“, и одговори Босанац на Цеца.
По ова се огласи и Александра Стојковиќ Џиџа, ќерката на Босанац, која на Инстаграм напиша:
„На мене не ми требаат пари драга. Јас работам за уметност“, пишува во цитатот што Џиџа го објави на Инстаграм.
„Уше еднаш, ова е мојот одговор на целата ситуација и воедно одговор на новинарите. Те сакам тато, најмногу!“ напиша таа на Инстаграм.
И бидејќи расправијата подигна голема прашина во медиумите, свое мислење дадода и останатите членови на жирито.
Прв коментар на целата ситуација за која веќе со денови се зборува го даде пејачката Вики Миљковиќ.
„Не мислам дека тоа е расправија, туку судир на мислења, секој го изнесе своето мислење. Јас не слушнав дека Цеца го навреди Босанац, таа е некој што не навредува ни приватно, а не пак јавно“ порача колешката и пријателка на Цеца, Вики.
На прашањето дали старата постава на жирито не го штеди новиот член, Вики одговори со следново:
„Тие генерално се такви, не ме штедеа ни мене, не ја штедат ни неа. Мислам дека се уште не се опуштиле“, изјави таа.
Што се однесува до Цеца, таа вели:
„Е што кажав јас лошо за било кој?! За мене беше кажано, а јас морам да се бранам. тоа само беше конкретен пример, јас бев навредена“, го објасни Цеца својот коментар кој се однесуваше за ќерката на Босанац.
Инаку, и композиторот Драган Стојковиќ Босанац даде коментар на целата ситуација за која веќе со денови се зборува.
„Мојата ќерка запиша четврта година на Музичката академија, три веќе заврши. Чекам да стане образован музичар, мојата поддршка ја има“, изјави тој за Блиц.
Инаку, Александра Стојковиќ Џиџа своевремено има учествувано во „Ѕвездите а Гранд“ а потоа и сними неколку песни.
Но досега нема направено некоја позначајна кариера.
Како таа изгледа погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Александра Стојковиќ Џиџа