Цеца реши да го одврзе ќесето – еве што ќе направи за свадбата на Вељко и Богдана
За нешто повеќе од две недели ќе се случи свадбата на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ за која сите зборуваат.

Најново нешто за што пишуваат медиумите е дека младенците од куќата на невестата па до црквата, а потоа и до ресторанот во кој ќе се одржи свадбената церемонија ќе се возат во луксузен автомобил, а тоа го осмислила Цеца.
Имено, таа им предложила да изнајмат „ролс-ројс“ и тоа да биде автомобилот за невестата и младоженецот.
Со него Вељко би отишол по невестата, а потоа заедно би се возеле до црквата во која ќе се заколнат на вечна љубов.

На крај со овој луксузен автомобил тие ќе дојдат во ресторанот каде што ќе се одржи нивната свадба.
Идејата им се допаднала на Вељко и Богдана, па Цеца им дозволила сами да го изберат „олдтајмерот“ со кој ќе се возат.
И сестрата на Цеца го носеше истиот фустан
Подготовките за венчавката веќе се во тек, а Богдана во црквата ќе се појави во невестинскиот фустан на Цеца.