ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ СКРШЕНА ОД БОЛКА – се прости од драга личност

Пејачката преку социјалната мрежа Инстаграм се прости од својот драг пријател.
Рано утрово преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм се огласи и пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Овој пат причината за нејзинота објава не беше убава. Имено, Цеца објави слика од пријател која за жал прерано починала.
– Замина на подобро место, но засекогаш ќе ни недостасуваш – напиша Цеца, а потоа додаде:
– Времето нема да ја пополни таа празнина, само ќе треба да научиме да живееме со него – додаде Цеца во описот на фотографијата и постави срце.

Заедно со постот, таа ја објави и својата нова песна „За крај“, која ја отпеа за филмот „Недеља“, кој се базира на животот на Џеј Рамадановски. Баладата веќе ја освои публиката, а ја напишаа Фута и неговата покојна сопруга Марина Туцаковиќ.




