Реклама
Наши ѕвезди

Цеца прв пат за тешкиот период низ кој поминува нејзината ќерка – мајката најдобро знае како да ја утеши

Еве што вели Цеца за Анастасија во овие тешки моменти за целото семејство

Реклама

Целото семејство беше потресено кога дознаа дека Анастасија имала спонтан абортус во петтиот месец од бременоста.

За тажната вест јавноста прв ја извести нејзиниот партнер Немања Гудељ со објава преку својот профил на Инстаграм.

Пејачката по неколку дена реши да се врати кај своето семејство во Белград каде што полесно ќе ги помине овие тешки моменти.

Маркетинг
Фото: Цеца шоу, Јутјуб, Блиц ТВ

„Анастасија се врати во Србија сега кога Немања ја заврши сезоната и тоа на најубав можен начин, со влез во Лига на шампионите. Тоа многу значи во овие тешки моменти, што ни е сјајна сатисфакција и мотив за понатаму“, зборуваше искрено Цеца за нејзината ќерка која поминува низ тежок период во животот. Таа не крие дека се радува што Анастасија се вратила, но и дека цело време се слушале и додека била илјадници километри далеку.

„Сакам да кажам дека многу се радував, Анастасија ја немав видено долго време. Таа од јануари беше таму. Жељко и јас ја посетивме на седум дена, но тоа не беше доволно ни да се изназборуваме убаво. Многу се радував што доаѓа“, вели познатата фолк пејачка за „Блиц.рс“ и додава:

Маркетинг

„И го свртуваме вниманието сите заедно, баш и се радував и конечно дојде на роденденот на Жељко. Морам да кажам дека ние секојдневно по 7-8 пати сме на ‘видео-кол’, таа е упатена во сé во нашите животи“, вели Цеца.

Потсетуваме, Анастасија го изгуби своето бебе во петтиот месец од бременоста, а тажната вест прв ја соопшти нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ.

Фото: Инстаграм

Тој се заблагодари на поддршката што ја добиваат со Анастасија, но и замоли да ги разберат зошто не сакаат да даваат изјави.

Фото: Инстаграм

По ова Анастасија ги исклучи своите профили и се повлече од социјалните мрежи, а откако ги доби документите за престој во Шпанија, заради кои не можеше да ја напушти земјата, реши да се врати во Белград.

Принтскрин/ Пинк

Таа беше на роденденот на малиот Жељко Ражнатовиќ кој деновиве наполни три години, додека Цеца одлучи да не прави голема журка за својот 50-ти роденден, туку да го прослави во кругот на семејството.

И Цеца го има изгубено своето прво бебе

Познатата пејачка своевремено откри една тајна од нејзиниот живот која што дотогаш речиси никој не ја знаеше.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Имено Цеца во една пригода отворено зборуваше дека и таа била бремена пред свадбата со Аркан, но и дека дошло до спонтан абортус.

Фото: Инстаграм

Таа го изгубила своето бебе во третиот месец од бременоста, а оваа тајна ја откри по цели 27 години молк.

Фото: Инстаграм

Пејачката тогаш откри дека бебето го изгубила месец и половина пред нивната свадба која веќе била закажана.

И покај големата загуба, таа и нејзиниот покоен сопруг решиле да ги продолжат подготовките околу венчавката.

Фото: Инстаграм

Потоа Цеца забременила повторно и веќе следната година, 1996, го родила синот Вељко, а по година и пол и Анастасија.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button