Цеца падна на шармот на македонскиот Рики Мартин – кога го виде се попишмани што НЕ гласаше за него, но веќе беше доцна!
Дамјан Димевски од Скопје во „Ѕвездите на Гранд“ се претстави со песните „Сонце не ме грее“ и „Срце није камен“.
Тој првиот глас го доби уште додека ја изведуваше првата нумера, но потоа не доби поддршката и од останатите.
Пресладок и шармантен, му дофрли Снежана Ѓуришиќ, а Ѓорѓе Давид потсети дека тој и пред неколку години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ кога беше дел од неговиот тим.
Марија Шерифовиќ не беше задоволна и покрај тоа што, според неа, Дамјан пееше коректно, па му кажа зошто неговата интерпретација не беше добра, а со неа делумно се сложи и нејзината колешка Снежана Ѓуришиќ.
Но ситуацијата се промени кога се подигна завесата. Цеца веднаш се попишмани што не му го даде својот глас.
Популарната фолк дива дури и се обиде да го спаси, но конечната одлука ја донесе продукцијата.
„Јас сега слушајќи го него, и сега кога го гледам, јас би го земала“, изјави Цеца и додаде:
„Сега кога го видов момчето, мислам дека од него може да се направи, со работа секако… Тој најпрво мора да заборави на тремата, и мислам дека тука има материјал, со адекватен избор на песни“ изјави пејачката.
„Тој изгледа преубаво, и навистина, тој е преубав“, го пофали Цеца младиот пејач од Македонија.
„Зошто ти беше проблем да го стиснеш тастерот, сега не може“ и порача Поповиќ, а потоа се надоврза Мили.
„Навистина си за на сцена. Изгледаш топ, како Рики Мартин и ретко кој во првиот круг сака да танцува, а ти тоа го сакаш. Сакап да тргнеш напред, така што јас ќе се одлучам на ова со помош на пријател“, истакна Мили алудирајќи на публиката што беше проследено со громогласен аплауз и завршна одлука да биде дел од неговиот тим.
Инаку, Дамјан има 19 години и живее во Скопје.
Тој заврши средно музичко училиште и свири кларинет, а неговиот талент можевме да го слушнеме и во „Некои нови клинци“.
Неговиот последен настап го сподели и Марија Груевска, македонската финалистка од претходната сезона.
Дамјан и пред три години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, кога во првиот круг се претстави со познатата македонска народна песна „Море сокол пие“ и „Дрска жена плаво“ од Жељко Јоксимовиќ.
Тој тогаш беше во тимот на Ѓорѓе Давид, а зошто сега жирито го споредува со Рики Мартин, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски