Цеца наскоро полни 50 години, а изгледа како милион долари – на ова провокативно издание жените можат само да и завидуваат!
Цеца повторно ги воодушеви сите со својот изглед…
Популарната пејачка и овој пат никого не остави рамнодушен, а во центарот на вниманието беа нејзините нозе во црните мрежести хулахопки.
За ова феноменално модно издание на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе со денови се зборува.
Балканската фолк-ѕвезда на Инстаграм покажа издание за кое сите се согласни дека изгледа како милион долари.
Таа и овој пат никого не остави рамнодушен, а во центарот на вниманието беа нејзините нозе во црните мрежести хулахопки.
Цеца едноставно блескаше во кусиот син фустан во кој изгледаше и женствено и провокативно во исто време, па следуваа голем број комплименти на сметка на нејзиниот феноменален изглед. Покрај нејзините нозе во мрежестите чорапи кои пејачката ги истакна во преден план, таа ги изненади сите и со длабокото деколте со кое исто така никого не остави рамнодушен.
Нејзината убава коса овој пат беше врзана и подигната во високо опавче, а на лицето имаше прекрасна шминка.
Таа во еден момент се насмеа и погледна директно во камерата, па испрати и поздрав до своите фанови.
Потсетуваме, Цеца неодамна откри зошто не и е лесно да избере што ќе носи кога се појавува во јавноста.
„Повеќе немам инспирација! Пресметав дека до крајот на сезоната само за моето шоу ќе ми требаат околу 13 стајлинзи, севкупно. Посебно за Ѕвездите на Гранд, посебно за концерти, јас навистина не знам како да го направам сето тоа, а нешто да не се повтори. Просто е невозможно, мислам да не личи на некој стајлинг, на нешто што веќе сум го носела. Не ми е лесно“, беше искрена тогаш Цеца.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм