Цеца конечно ја откри вистината за скапоцениот прстен на раката – пејачката си ја отвори душата, ова беше очекувано!

Еве што се крие зад мистериозната фотографија

Најпознатата фолк пејачка на Балканот во емисијата „Ексклузивно“ откри како ќе ја помине новогодишната ноќ, а зборуваше и за нејзиниот однос со партнерот.
Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот емотивен партнер Богдан Срејовиќ на 18 декември ја прославија првата годишнина од нивната врска.
Познатата пејачка ретко зборува за својот приватен живот, а овој пат во емисијата се осврна и на нејзината врска. Но таа откри и дека за Нова Година не планира да настапува, туку да ја помине со семејството, што за неа исто така е нешто преубаво. Како вели таа, знае дека добро ќе се опушти со нив и дека ќе ужива со најблиските покрај пијалак и во добриот новогодишен програм.

„Има простор во јануари и февруари малку да се отпатува и д се одмори. Декември секогаш е пребукиран. Јас многу сакам да уживам покрај море, но никогаш н сум во прилика да издвојам толку време, туку ми одговараат некои поблиски дестинации како Златибор и Копаоник“, откри познатата пејачка во емисијата, па се осврна и на најтешките моменти што и се случија во изминативе години.

„Последните две години на сите ни се турбулентни и со огромни осцилации. Им се случуваа на луѓето и убави работи, но и многу тажни. Неколку мои колеги не напуштија и тоа за сите нас беа непријатни изненадувања. Многу луѓе што ги познавав починаа од корона и одвај чекам ова лудило да помине и се надевам дека тоа наскоро и ќе се случи, навистина е доста“, изјави Цеца, па се осврна и на односот со Богдан, скапоцениот прстен и наводната веридба.

„Тоа се будалаштини, Богдан и јас воопшто не размислуваме за такви работи. Ние уживаме во нашиот однос и тоа е се што имам да кажам“, изјави Цеца повторно не откривајќи премногу за нејзиниот емотивен живот.

Инаку, целата фама околу прстенот настана откако Цеца објави една фотографија со која буквално ги шокираше фановите.

Тогаш многумина беа заинтересирани дали златниот прстен што Цеца го покажа всушност преставува бурма.

Таа најверојатно свесно го направи овој потег бидејќи сигурно претпоставувала дека ќе предизвика реакции во јавноста.

Па така веднаш следуваа коментари на социјалните мрежи и неизбежното прашање – дали Цеца се свршила со партнерот Богдан Срејовиќ?
И покрај тоа што шансите не изгледаа веројатни, бидејќи фолк дивата постојано повторуваше дека бракот повеќе не и е опција, сепак многумина се прашуваа дали љубовта на Цеца кон Срејовиќ достигнала толкаво ниво што таа се предомислила.
Но Цеца сега конечно откри што се случува и го потврди она што и претходно неколку пати го има кажано.

– Немам намера да се мажам. Тоа веќе го направив во минатиот век, се омажив, во овој век ќе бидам девојче. Само девојче, ако го задржам разумот – низ смеа изјави Цеца неодамна во една пригода и додаде:
– Хартијата само ја расипува среќата. Веќе се омажив, видов дека може да биде супер, убаво, фантастично, сега хартијата не ми значи апсолутно ништо и сакам да се забавувам.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Папарацо лов
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм