Цеца испотена и без шминка, во тесни црни хеланки – раскошните облини во преден план (фото)
Еве како изгледа кога вежба Цеца Ражнатовиќ

Фолк дивата напорно работи за да биде во топ форма
Пејачката Светана Цеца Ражнатовиќ покажа како изгледа кога вежба во теретана и на кој начин ја одржува својата форма.
Таа е решена да ја донесе својата линија до совршенство, па ги „засука ракавите“ и сериозно се „фрли“ на вежбање.

А како најпознатата фолк-пејачка на Балканот изгледа додека се поти во теретана, облечена во тесни црни хеланки и спортска маичка, таа покажа во новата епизода на „Цеца шоу“ која се емитува на „Блиц ТВ“.
Пејачката во теретаната се појави без грам шминка на лицето, а хеланките ја истакнаа нејзината беспрекорна линија.

Како вистински професионален Цеца веднаш почна со вежбите, а во емисијата зборуваше и за исхраната.
Таа откри дека го пости секој пост, а на сите им препорачува да не јадат премногу благо, без газирани пијалаци и алкохол.

Признава дека најмногу сака да јаде месо и салати, што и во многу диети се препорачува, но и дека редовно пости.

Таа во новата епизода на „Цеца шоу“ откри и дека најголемата тежина во животот ја имала кога имала 66 килограми.

Само првиот пост и бил тежок
Пејачката и со своите фотографии од плажа никого не остава рамнодушен и со нив секогаш предизвикува лавина од реакции.
Цеца секогаш добива голем број комплименти за својот младешки изглед, така што и на прагот од шестата деценија во животот има тело на кое многу девојки можат да и завидуваат. Но како што изјави во една пригода, таа не вежба заради изглед и воопшто не е оптоварена со тоа, туку заради здравје и не сака ниту пак може да се натпреварува со младите девојки.

Што се однесува до постот, таа ги пости сите црковни постови, а тоа го вклучува и секоја среда и петок, и како што самата вели, нејзините причини се верски, а секоја друга корист е само награда.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ