Цеца и Анастасија се „иcпотепaa“ кој да ги носи чизмите од 1500 евра – ќеркичката во шoк од она што и го направи познатата мама!
Во прашање се чизми кои настанаа во соработка на два престижни модни брендови и кои се хит во светот.
За модното издание на Светлана Цеца Ражнатовиќ со кое пред неколку дена се појави пред студиото во „Ѕвездите на Гранд“ зборуваат сите, посебно откако исиот ден, нешто подоцна, во истите чизми се појави и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ и ги изненади сите.
Имено, Анастасија беше гостинка во емисијата „Ами џи шоу“ каде се појави во црн сако фустан и необичните чизми.
Во прашање е модел кој настана како соработка на брендовите „Муглер“ и „Џими Чу“, а за кој е потребно да издвоите 1500 евра.
Тие се интересна верзија на високи чизми кои кокетираат со спојот на елеганција, спортскиот стил и долна облека, а дополнителна нота им даваат тенките, луксузни високи потпетици заради кои „Џими Чу“ е еден од омилените брендови во светот на женските обувки.
Еве што изјави Анастасија во емисијата во врска со тоа што нејзината мајка и го украде ова впечатливо издание:
„Тоа што денес ми го копираше стајлингот… Тоа многу ме изнервира, и купив и на неа и на мене чизми, нејзините се посветли. Пред 5 дена и испратив што ќе облечам за во емисија, тоа и на тетката ми го прави, се потрефи баш денес тоа да го облече“, се пожали Анастасија во споменатата емисија.
За разлика од неа, Цеца за „Грандонлајн“ изјави:
„Анастасија не се караше, тоа на мене ми беше многу смешко бидејќи и таа кога ги виде фотографиите кажа: ‘Е, супер, ми го украде стајлингот’, а јас и велам ‘Жими мајка не знаев’. Тоа се случува кога имате две јавни личности во куќата, па ви се случуваат такви работи, изјави пејачката.
https://www.instagram.com/p/CaSoqp2Lxpb/
„Не копирам, туку „земам“ – со насмевка изјави Цеца па додаде дока нема потреба да краде облека бидејќи сé е во нејзината куќа.
Припадниците на седмата сила не одолеа да ја прашаат и за односот со поранешното момче Богдан Срејовиќ.
Но никој не се надеваше на ваква нејзина реакција:
„Богдана ми е снаа и таа живее со мене“, одговори како од пушка Цеца давајќи до знаење дека не сака да ја прашуваат за приватниот живот.
Како Цеца и Анастасија изгледаа во истите чизми погледнете во продолжение и кажете ни, според вас, на која подобро и стои овој модел?
https://www.instagram.com/p/CaSRkUeoeJQ/
https://www.instagram.com/p/CaZ4tR8tkmP/
Погледнете ги и останатите модели од оваа колекција:
Па, дали ви се допаѓа некој од овие модели?