Цеца е супербаба – внукот Жељко го однесе на едно од најубавите и најлуксузните места на светот, малиот ужива како цар!
Баба и внук на луксузно патување на Малдивите…
Цеца објави снимка од авионот од која се гледаат островите, но и едно видео на кое во главна улога е малиот Жељко…
Цеца реши да избега во потоплите краеви, па со најблиските ќе ужива на едно од најскапите летувалишта на светот, Малдивите. Тие ќе бидат сместени на островот Сан Сијан Иру Вели, во ексклузивни апартмани.
Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ги спакува куферите и замина да си ги наполни батериите на Малдивите.
Таа на ова свое патување замина заедно со внукот Жељко, сестрата Лидија Оцокољиќ и нејзините деца.
Од снимките што ги објави на својот профил социјалните мрежи, можевме да видиме дека на Малдивите беше пречекана како кралица, на спектакуларен начин.
Таа на Малдивите ќе го снима и своето „Цеца шоу“, а слободното време ќе го искористи за да се одмори.
Таа објави преубава снимка од авионот од која се гледаат островите, но и едно видео на кое во главна улога е малиот Жељко.
Цеца во еден момент му се обрати на внучето и му кажа да ги поздрави родителите, Богдана и Вељко, а малиот Жељко тоа го направи на толку сладок и симпатичен начин пто веднап ги освои сите.
Жељко на ова патување со својата баба тргна без родителите, но пејачката во ниту еден момент не дозволува тие да м недостигаат.
Потсетуваме, Анастасија не можеше да дојде со нив на оваа егзотична дестинација затоа што замина за Катар, каде се одржува светското првенство во фудбал, а нејзиното момче Немања Гудељ игра за репрезентацијата на Србија. Исто така и ќерката на Лидија, Хелена, не можеше да дојде со нив бидејќи има обврски околу нејзиното училиште и тренинзите.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ