Цеца е сега најпознатата баба на Балканот: Не е најмлада на естрадата, една пејачка доби внук на 33 години!
Светлана Цеца Ражнатовиќ пред 5 дена, на 3. јули стана баба на малиот Жељко на свои 47. години и со тоа ја доби титулата – најмлада баба на српската естрада.
Многу јавни личности рано ги добија своите деца, па така и нивните деца рано станаа рдоители. Така на естрадата има баби од само 40 години кои навистина изгледаат одлично.
Иако се подготвуваше гала прослава за првиот роденден на нејзиниот вкул Александар Живојновиќ, тоа поради постоечката ситуација во земјата е одложено. Борка Михајловиќ рано ја добила својата ќерка Александра Пријовиќ која минатата година во март, исто така стана мајка и тоа на неполни 24 години.
Мајката на Александра на 45 години стана баба, и на својата ќерка многу ѝ помага околу наслeдникот, а сите се согласуваат дека младата баба изгледа одлично.
Пејачката Нела Бијаниќ, исто така рано го доби синот Оливер. А момчето кое го гледавме на овогодишеншниот натпревар на „Ѕвездите на Гранд“ на големо стана татко на малечка принцеза.
Нела оваа година полни 50, а и натаму добива само комлименти на сметка на својот изглед.
Популарната танчерка и пејачка Слаѓа Делибашиќ е една од најзгодинтие баби на естрадата. Таа и натаму има изразени стомачни мускули, ужива во времето поминато со својата внука која ја роди нејзината ќерка Силвија која ја има од бракот со Ѓоле Џогани.
https://www.instagram.com/p/B83qW0Mp3_w/
Ако го погледнете нејзиниот Инстаграм профил, може да видите многу фотографии со внуката, а стана баба на 45 години.
Дефинитивно најмлада баба на естрадата е Стојанка Новаковиќ Стоја која својот син го роди на 16 година, а стана баба кога немаше ни 33 години.
Ниту пејачката Ана Бекута немаше ни 40 години кога стана баба. Нејзиниот син Игор го доби на 17 години, а на 22 тој првпат стана татко. Бекута е баба на Софија и Бранка, а минатата година приреди и гала прослава за полнолетството на внуката за кое со месеци се зборуваше.
Неодамна тие двете заедно уживаа во Дубаи.