Цеца во ова опасно издание направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ – ги ШОКИРАШЕ сите, посебно што изгледа како Карлеуша
Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на втората епизода од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Фолк ѕвездата за разлика од претходниот пат кога беше облечена во светло син костум овој пат избра комбинација во страсна црвена боја во која го украде шоуто.
Во прашање е кожен фустан кој го носеше со ракавици во иста боја и од истиот материјал.
Таа целото издание го заокружи со црвени сандали, црвен кармин и големи, црни очила за сонце.
Оваа боја и стои одлично на пејачката, како и кројот на фустанот кој ја истакна нејзината половина.
Познато е дека Цеца во шоуто дојде на местото на фолк дивата Карлеуша, па многумина ја споредуваат со неа.
Така беше и овој пат, кога Цеца носеше црвено од глава до пети, па некои ја споредија со ова издание.
Во прашање е комбинација со која Карлеуша исто така во минатото се појави во шоуто.
И таа тогаш носеше кожен фустан и црни очила, па кој изгледа подобро просудите сами.
Откриено и зошто е на суд со Мили
Инаку, Цеца на снимањето на првата емисија од Ѕвездите на Гранд откри дека е на суд со Александар Милиќ Мили, по повеќемесечните шпекулации дека поранешните соработници подолго време не се во добар однос.
Цеца истакна дека се на суд, но и дека се цивилизирани луѓе кои разговараат.
Како што пренесуваат медиумите, проблемот започнал кога Цеца сфатила дека Мили се запишал како сопственик на фонограмите на сите албуми на кои работел со Цеца.
Договорот наводно бил потполно поинаков, заради што Цеца, откако дознала за ова, одлучила да ангажира адвокати и да започне судски процес против некогашниот соработник со кого сега ќе учествува и во истото шоу.
Проблемот е во тоа што оној што го има сопствеништвото над фонограмите има право да заработува апсолутно од сите дигитални платформи. Во моментот кога Цеца и Мили ги правеле албумите, тоа не бил договорот. Тој зборувал дека секоја песна во целост и припаѓа на Цеца, бидејќи работата на секоја песна му била платена, односно Цеца сама го финансирала секој свој албум во целост.
Мили, значи, како соработник, за својата работа бил платен онолку колку што барал и колку што било договорено. но тој без знаеше на Цеца се запишал како сопственик на фонографите, раскажува извор за Телеграф.
Цеца на суд исклучиво бара да се промени кој е сопственикот на фонограмите, па наместо Мили да пишува дека тоа е таа. Но Мили за тоа бара компензација во вид на пари. Наводно станува збор за неколку стотици илјади евра. Тој го бара тоа и на основа на тоа што Цеца од него, како сопственик на фонограмите, за секоја изведба на песната на која што работел тој би требало да се бара дозвола, согласност. Значи во прашање се сите изведби, сите концерти.
„Тоа е лудо“, објаснува изворот.
Цеца и Мили не сакаат да коментираат ништо во врска со ова иако новинарите ги прашувале за тоа.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ