Цеца VS Карлеуша – пејачките во издание од кое боли глава, која е поубава?
Која од овие две дами изгледа поубаво како Барбика?
Цеца уште еднаш ги остави сите без здив
Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ со своето последно издание со кое се појави на снимањето на музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ никого не остави рамнодушен.
Само еден ден претходно, Цеца го украде шоуто облечена во црвени панталони и кошула во истата нијанса, а сега покажа и како изгледа нејзината Барби верзија со која исто така направи „лом“.
Таа за оваа пригода избра „пинк“ фустанче кое совршено и стоеше и со кое ја истакна својата беспрекорна линија и нозете, па сите коментираа дека фолкерката изгледа како најпопуларната кукла на светот.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца целото издание го зачини со високи потпетици во иста боја и чанта со неодолив цветен дезен, додека косата и беше врзана.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Пејачката на лицето имаше беспрекорна шминка и големи очила, а ова Барби издание го надополни со златни обетки и нараквици.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Таа позираше насмеана и расположена пред фотографите, а многумина и порачаа дека изглед поубаво и од Барбика.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Но покрај бројните комплименти, некои забележаа дека Цеца во ова издание наликува на својата лута ривалка, Јелена Карлеуша.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Имено, Карли неодамна на снимањето на една емисија кај сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јована, се појави во розово од глава до пети, а како изгледаше и таа, и дали навистина постои сличност помеѓу овие две комбинации, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?