Реклама
Култура[тор]

Центарци КРЕАТИВНИ – осамна интересна улична уметност на пешачки премин на „Козара“

Интерсен декор на улицата „Козара“ во близина на Завод за рехабилитација во Капиштец го привлече вниманието на минувачите.

Реклама

Интерсен декор на улицата „Козара“ во близина на Завод за рехабилитација во Капиштец го привлече вниманието на минувачите.

На еден од пешачките премини на оваа улица осамна интерсен цртеж од познатата игра „Pac-man“. Некој  се сетил, па преку ноќ ја разубавел зебрата со шарените човечиња.

Маркетинг

На социјалните мрежи се појавија фотографии што ги споделуваат деца, но и возрасни.

Ваквата улична уметност е забавана за случајните минувачи, ќе се потстетиме како пред неколку години еден уличен уметник остави свој печат на сообраќајни знаци во центарот на Единбург, додавајќи им цвеќиња, животни или чаша вино. Како автор на симпатичните дела се пријави францускиот уметник Кле Абрахам, кој на Твитер напиша дека ги има меѓу 15 и 20 низ целиот град.

Маркетинг
фото/Фејсбук

Тој вели дека го посетил градот во март 2017 година и се чуди како никој не ги забележал неговите дела толку долго време.

„На луѓето обично им требаат три-четири месеци да ги забележат. Никогаш не прикривам повеќе од десет проценти од знакот, за да не го нарушам неговото значење“, изјави тогаш 52-годишниот уметник.

По кратко време, градските власти изјавија дека овие дела не се легални и ќе мора да ги отстранат. И покрај тоа што многу умно ги беше насликал, без знакот да го изгуби своето значење за жал неговите дела беа тргнати.

По појаватана  Банкси и неговата популарност во светот се зголеми интересот за ваквиот тип на уметност. На овој начин  и се дава поголема важност и  значење на нештата. Оваа уметност ни овозможува да забележуваме работи кои биле тука цело време, а не сме им обрнувале внимание. Ова е убав начин градските пејзажи да се одржуваат во живот“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button