Целиот Балкан зборува за проѕирниот фустан на Каролина – ја запали публиката, изгледа како божица во ова провокативно издание
Пејачката со својот проѕирен фустан ги воодушеви сите…
Каролина беше една од бројните ѕвезди што се појавија на MAC наградите и со својот изглед ги воодушеви сите.
Каролина Гочева ги воодушеви сите на најголемиот музики настан во регионот „Music Awards Ceremony“ (MAC).
Таа се појави на црвениот килим на настанот во организација на „Skumusic“ и со својот изглед никого не остави рамнодушен.
Многумина останаа без зборови кога ја видеа во ова издание во јавноста, посебно што таа веќе со години воопшто не е променета. Можеа да се слушнат коментари дека изгледа божествено, а пејачката откри и со кого од соседството би сакала да сними дуети.
„Се уште се немаме ништо договорено, но што знам, можеби вечерва ќе се роди некоја идеја“, изјави пејачката и пред претставниците на седмата сила од Србија додаде дека има издадено три албуми на македонски јазик.
Таа посебно ги воодушеви сите со проѕирниот фустан во кој едноставно не можеше да помине незабележано.
Во прашање е креација со длабок шлиц од двете страни и прорези на ракавите, а посебно внимание привлече и со длабокото деколте.
Фустанот е со потписот на македонската дизајнерка Јована Филиповиќ и сите се согласни дека Каролина во него изгледаше феноменално.
Таа носеше и ефектна огрлица со детали во сина боја кои како вратоврска допира речиси до папокот, а која исто така се со македонски потпис (Марјан Бебекоски).
Шармантната пејачка целото издание го заокружи со шпиц чевли во зелено-зина нијанса, коса врзана во пунџа и впечатлива шминка со сина сенка.
Таа потоа на настапот носеше куса креација со долги ракави и светки, во која заблеска и пред претставниците на седмата сила.
Новинарите ја праша за нејзиниот интерес за етно музиката и дали е задоволна од нејзинте последни музички проекти во овој жанр, на што Каролина одговори:
„Всушност издадов два албуми, во етно џез фазон, и многу сум задоволна од нив. Тоа кај нас помина многу успешно, има песни што останаа за сите времиња, така што навистина сум горда на овие мои проекти“.
Новинарите потоа ја праша и дали повеќе сака да подарува подароци или да добива, и што ја најмногу радува кога се подароците во прашање, на што Гочева одговори дека најмногу се радува кога ќе го погоди подароците, посебно на своите внуки, и кога ќе ги погоди нивните желби.
Како таа изгледаше во долгиот проѕирен фустан, но и во тесната куса креација со која што настапи, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева