Целиот Балкан зборува за оваа девојка: Има 21 години и реши да стане ПОЛИТИЧАРКА – Инстаграм „гори“ од нејзините фотки!
Амбициозна млада дама
Младата Емина Јахиќ има 170.000 следбеници на Инстаграм и може да се пофали со титулата инфлуенсерка, но од скоро и кандидатка за Демократскиот фронт за Градското собрание во Тузла, трет по големина град во Босна и Херцеговина.
Таа своите следбеници ги извести дека ќе се кандидира со следниот пост што го објави деновиве на Инстаграм.
„Како млада личност, свесна сум за положбата на младите во денешното општество како и за проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Затоа, како претставник на Форумот на младите на ДФ, фокусот на моето делување ќе биде подобрување на положбата на младите. Покрај тоа ќе работам и за подобрување на условите за живот на сите нас во месната заедница која припаѓа на градот Тузла, па со ваша помош, од Тузла ќе направам подобро место за живеење“.
Нејзиниот пост доби многу коментари за поддршка од фановите, но и прашања како точно мисли да ги оствари своите намери. За жал таа се уште не го соопштила тоа. Но затоа ги наведе своите политики приоритети.
„Еден од проблемите на кои сакам да се фокусирам, а со кои повеќето се сретнуваат, е стекнување на работно искуство како предуслов за вработување. Во следниот период сакам да ги слушнам Вашите проблеми и предлози, па со заеднички сили да се избориме за своите прави и да ја подобриме нашата положба во општеството. Покрај тоа, ќе работам и на одобрување на условите за жи9вот на сите од нас во месните заедници кои припаѓаат на градот Тузла и заедно со вас ќе ја направиме овој град подобро место за живеење“.
Емина на својот Инстаграм профил наведе дека на Американскиот универзитет во Босна и Херцеговина студира Меѓународни финансии.
Па, дали би гласале за една ваква млада дама?.