Цела Турција во шок откако во јавноста испловија овие вести за една од НАЈПОЗНАТИТЕ турски актерки – што се случува зад кулисите?
Фановите непријатно се изненадија од овие вести
Познатата турска актерка за која во последно време поприлично се пишуваше во медиумите и нејзиниот колега со кого наводно е во врска се најдоа во незгодна ситуација.
Станува збор за 27 годишната Ханде Ерчел која нашата публика ја гледаше во серијата „Црн бисер“, и нејзиниот колега, шест години постариот Карем Бурсин (33). Имено, фановите на популарната серија беа непријатно изненадени кога се дозна дека заради нив се прекинува снимањето на популарната турска серија „Тропни на мојата врата“.
Како што пишува магазинот Хариет, до прекинување на омилената сапуница дошло затоа што актерите се испокарале на снимањето.
Иако до неодамна беа нераздвојни, веќе некое време се шушка дека нивната тајна врска сега дошла до самиот крај.
Имено според пишувањето на турските медиуми, тие неодамна жестоко се испокарале и го напуштиле снимањето.
Овие лоши вести ги потврдија и од продукцијата.
Но се уште не е познато што точно се случило и зошто „преку ноќ“ се промени односот меѓу некогаш добрите пријатели и наводни љубовници.
Нивните фанови се во исчекување и чекаат некој од двајцата познати актери да се огласат и официјално во медиумите.
Инаку, Ханде која кариерата ја започна како модел, во центарот на вниманието се најде неодамна која странските медиуми ја споија со Бред Пит. Наводно, за неа пишуваа дека популарниот холивудски актер не можел да и одолее, а американските медиуми пишуваа како 57 годишниот Бред откако прв пат ја видел како глуми во една од нејзините улоги се воодушевил и од тогаш често го посетувал нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Доста му е од жените во Холивуд, се обидува да дојде до Ханде, но не сака да го направи тоа преку социјалните мрежи бидејќи така не се чувствува безбеден“. Наводно до Ханде стигнала информацијата дека Бред е маѓепсан од нејзиниот шарм и тоа навистина и годи. Кога имала 16 години била вљубена во него и сега не може да поверува дека ја забележал.
„Сигурен сум дека ќе отидат на заедничка вечера“, изјави неодамна извор за странските медиуми.
Инаку, ова не е прв пат шармантната актерка медиумите да ги полни со својот приватен живот.
Па така пред три години медиумите за неа пишуваа дека и го преземала сопругот, пејачот Мурат Далкулич на својата 33 годишна колешка Мерве Болугур, актерката што ја глумеше султанката Нурбану во „Сулејман величествениот“. Турските медиуми тогаш пишуваа дека Ханде наводно ја искористила брачната криза во која тогаш се нашол познатиот пар, а постојат нагодувања и дека 37 годишниот Мурат се развел од сопругата токму заради Ханде.
Парот минатото лето и есен објави заеднички фотографии на социјалните мрежи, а потоа Ханде наводно одлучи да го остави. Инаку, таа со своите 15 милиони следбеници важи за најпопуларната жена во Турција на социјалните мрежи. И додека во „Црниот бисер“ гледачите ја гледаа како се мачи со љубовните проблем, во приватниот живот оваа фатална дама очигледно нема такви проблеми.
Таа е висока 175 сантиметри и моментално е слободна, откако беше во врска и со своите колеги Бурак Сердар Санал и Екин Мерт Дајмаз.
Сака да чита и патува, најдобра пријателка е нејзината сестра Гамзе, а амбасадорка е на брендот „L’Oreal Paris“ за Турција. Покрај Бред Пит има голема желба да работи и со ѕвезди како Рајан Гослинг и Леонардо Дикаприо.
Ханде е родена на 24 ноември 1993 година во Турција.
Завршила ликовна академија, а со актерство започнала да се занимава во 2013 година.
Со своите 15 милиони следбеници на Инстаграм важи за една од најпопуларните жени во Турција.
Погледнете уште неколку фотографии од оваа убавица…
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел