Цела година јадел само компири, ослабел 50 килограми, а телото му доживеало ШОК
Кога Австралијанецот Ендру Флиндерс Тејлор рекол дека ќе премине на исхрана која вклучува компири и дека таквата исхрана ќе ја држи година денам многумина помислија дека е целосно луд, вклучувајќи ги и членовите од семејството.
Ослабел 50 килограми
Меѓутоа, таткото на две деца од Мелбурн, бил истраен во својот потфат и изгубил неверојатни 50 килограми.
Повеќето доктори, нутриционисти и експерти за исхрана не би препорачале држење на таков рестриктивен план – исхраната би требало да се базира избалансиран внес на протеини, јаглехидрати, зеленчук, овошје, млечни производи и маснотии.
Како успеа тогаш со компир – диетата?
Важно е да се нагласи дека Тејлор го прифатил предизвикот откако ги проучил научните мислења и откако го финализирал својот план со помош на лекари.
„Добивав 600 отсто од дневни потреби за железо и над 400 отсто препорачана доза на витамин Ц, заедно со еден куп влакна, односно се она што ми говореа дека ќе ми недостасува“, рече Тејлор.
Единствена работа поради која се загрижил бил внесот на калциум, зошто иако го има малку во компирот, тоа не е доволно. За да биде сигурен дека го внесува доволно, правел компир пире со соино млеко збогатено со тој минерал, пишува Менс хелт.
Експертите за неговиот план за исхрана рекоа дека не е „целосно опасен“, иако не е најздрава исхрана на светот.
Нутриционистката Ријана Ламберт компирот го нарекува „Нутритивен грал“, објаснувајќи дека е пол со влакна, го заситува организмот и има мала густина на енергија.
„Што се однесува до цената и крвниот притисок, ништо не може да го замени добриот стар компир“, вели професорката на Клиничкиот Универзитет Бостон Џоан Салге Блејк.
Се уште сака компири
Компирот ги содржи сите есенцијални аминокиселини кои се нужни за изградба на протеините, поправка на келиите и борба соболестите, но јадење само на бели компири може да предизвика недостаток на витамини. Поради тоа Тејлор јадел и батат, кои му биле еден од петте оброци во денот, а се богати со витамин А, Е и Ц.
Во првиот месец дена од таквата исхрана не вежбал, но подоцна по час и половина возел велосипед.
И покрај фактот дека морал да го носи својот специфичен ручек кога одел на гости, или однапред морал да се јавува во рестораните за да порача точно што сака, Тејлор и денеска се уште сака компири.
„Моето здравје само се подобрува. Имав висок холестерол, но сега тој ми е низок, ми падна и крвниот притисок, како и висината на шеќерот. Секогаш кога одам за ја проверам крвта, резултатите ми се се подобри“, рече Тејлор.
Својата исхрана се уште ја базира на компир, а во менито уфрла и друг зеленчук.